Учество на сопругата на претседателот на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

3 декември 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска го посети Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ во  Штип кадешто присуствуваше на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

На настанот поздравно обраќање имаше директорот на училиштето, Тони Петрушев, додека учениците подготвија пригодна едукативна и културно-уметничка програма и преку рецитали, драматизација и различни жанровски музички нумери го одбележаа овој ден.

Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ од Штип повеќе од три децении го остварува воспитно-образовниот процес преку изведување на современа и ефикасна настава прилагодена за индивидуалните способности на секој ученик, а овозможува и квалитетни услови во ученичкиот дом за сместување и реализација на воспитната работа.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост во земјава се одбележува со организирање на разни видови на настани чија главна цел е да се зголеми свеста за подобро разбирање на лицата со попреченост и подобрување на состојбата со нивните права при што акцентот се става на подигнување на свеста за придобивките од интегрирањето на лицата со попреченост во секој аспект од животот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...