Учество на сопругата на претседателот на панел-дискусијата „Ракот на кожата може да се види и доколку рано се забележи, може успешно да се лекува“

20 јуни 2023 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, г-а Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Европската куќа во Скопје учествуваше на панел-дискусија насловена „Ракот на кожата може да се види и доколку рано се забележи, може успешно да се лекува“, како дел од кампањата за подигнување на јавната свест за превенција и рано откривање на меланом и други карциноми на кожа, ЕУРОМЕЛАНОМА.

Г-а Ѓоргиевска потенцираше дека подигнувањето на свеста за ова заболување е исклучително важно бидејќи станува збор за алармантна појава.

„Се проценува дека ако продолжи истиов тренд на појава на случаи на меланом, до 2040 година ќе има 50% повеќе нови случаи, така што, на годишно ниво ќе има околу половина милион случаи во светот што значи дека стапката на смртност ќе се зголеми за 68% односно околу стотина илјади луѓе би го загубиле животот од меланом“, истакна г-а Ѓоргиевска. 

Сопругата на претседателот нагласи дека треба секојдневно да обрнеме внимание на нашата кожа бидејќи станува збор за исклучително малигно заболување, а особено значајни се раната самодетекција  и редовните дерматолошки прегледи. 

„Треба да запамтиме дека кожата памти. Затоа да ја штитиме и ние кожата како што таа нè штити нас“, истакна г-а Ѓоргиевска.

На панелот учествуваа и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, прим. д-р Зорица Зафировиќ,  дерматовенеролог, Универзитетска Клиника за дерматологиј– Скопје, претставник и координатор на ЕУРОМЕЛАНОМА во Северна Македонија, Филип Николовски, студент по медицина, Љупка Николовска, пациент со меланома и д-р Соња Граждани, основач на Клубот на млади лекари.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. Говорејќи за значајноста на зајакнувањето на економската сигурност на жените во...

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Викендов во Кавадарци се одржа третиот модул на Школата за политики за 2023 година, при Претседателскиот центар за политичко образование. Третиот модул на Школата го отворија д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за...

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски кој е...

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети црквата „Св. Ѓорѓија“ во с.Курбиново кадешто се одвива првата фаза од проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во ентериерот на црквата којашто е ставена под заштита како културно-историски...