Честитка од претседателот Пендаровски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

8 април 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.

Почитувани сограѓани,

Како претседател на Република Северна Македонија, задоволство ми е да ја упатам мојата честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите, ден на почетоците на ромското движење во кое уште од 1971 година на Првиот светски ромски конгрес е потврдено дека Ромите имаат свое знаме, химна, јазик, култура и официјално се нарекуваат Роми. Со оваа честитка би сакал да ја искажам мојата почит за вашиот придонес во градењето и во зачувувањето на нашата татковина како дел од армијата, полицијата, образовните институции, здравствените институции, бизнисот и економијата, правото и правдата, администрацијата, дипломатијата, политиката, граѓанскиот сектор. Како и досега, сите заедно сме дел од секојдневната борба да обезбедиме достоинствен и квалитетен живот на сите во Република Северна Македонија без разлика на родовата, етничката, религиската, политичката или некоја друга припадност.

Почитувани,

Не само денеска, туку и сите останати денови во годината, како држава не смееме да заборавиме на предизвиците и потребите на Ромите и на сите останати граѓани во нашето мултикултурно општество. Сите заедно имаме голема обврска да ја подобриме интеграцијата на Ромите, да создадеме општество во кое дискриминацијата и говорот на омраза ќе останат во минатото и ќе ги почитуваме човековите права на сите граѓани на нашата татковина. Отворено ја давам мојата поддршка за амбиент во кој сите креатори на политики, институциите и граѓаните, ќе покажат проактивност за решавање на проблемите со коишто се соочувате и сите заедно ќе ја исполниме нашата обврска и максимално ќе ги искористиме нашите капацитети и надлежности во овој поглед.

Столб на нашата стабилност, развој и просперитет, како мултиетничко општество е тоа што заедно сме во оваа борба и заедно ја градиме патеката за остварување на еднакви права и должности пред законот за сите граѓани подеднакво.

Нека ни е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!
Bahtalo о 8. April sa e Romenge!

Стево Пендаровски
Претседател на Република Северна Македонија

///

Pakjivale barabarutne dizutne,

Sar prezidenti ki Republika Utarali Makedonia, čalipe si mange te bičhalav mi bahtakerin sebepi o 8. April – e Romengoro Мaškardžijaneskoro Dive, dive taro romano miškibaskoro šuru koleste panda ano 1971 berš ko Avgo Romengoro Sumnaleskoro Kongresi sine angigardo kaj e Romen si pumaro bajrako, himna, čhib, kultura thaj oficialnikane akharena pe Roma. Akale bahtakerinaja mangava te sikavav mi sajgia kori tumaro deibe ko amare dajakere phuvjakoro tamiribe thaj arakhibe sar kotor tar armia, policia, edukaciakere institucie, sastipaskere institucie, biznisi thaj ekonomia, nijami thaj hakodeibe, administracia, diplomatia, politika, dizutnikano sektori. Sar thaj džiakana, sarine barabar siam kotor tari sakodiveskiri mareba te kera barikano thaj kvalitetnikano dživdipe sarinenge ki Republika Utarali Makedonia bi dikhindor o poleskoro, etnikano, religikano, politikano ja nesavo aver preperibe.

Pakjivale,

Na salde avdive, numa thaj ko sa o aver divesa ko berš, sar raštra na tromaja te bistra o pharipa thaj zaruripa taro Roma thaj sa o aver dizutne ko amaro multikulturnikano sasoitnipe. Sarinen barabar si amen obligacia te majšukarkera e Romengiri integracia, te kera sasoitnipe koleste i diskriminacia thaj i bimangipaskiri lafikerin ka ačhoven ko nekanutipe thaj ka kera sajgia e dizutnengere manušikane nijamenge amare dajakere phuvjate. Puterdeste dava mo suporti baš ambienti koleste sa e politikengere kerutne, e institucie thaj e dizutne, ka sikaven proaktivipe bašo problemengoro čhinavibe kolencar arakhena tumen thaj sarine barabar ka phera amare obligacie thaj maksimalnikane ka istemalkera amare kapaciteten thaj ingerencien akale dikhinate.

O direko tar amaro stabiliteti, zuraribe thaj prosperiteti, sar multietnikano sasoitnipe si odova so sarine siam barabar akale marebate thaj barabar tamirinaja o drom baš ikeribe ko čačipe o jekajek nijamia thaj obligacie anglal o kanuni baše sa e dizutne jekhutneste.

Bahtalo о 8. April sa e Romenge!

Stevo Pendarovski

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Кабинетот на претседателот и Филозофскиот факултет при УКИМ

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Кабинетот на претседателот и Филозофскиот факултет при УКИМ

Во Кабинетот на претседателот денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Mиле Бошњаковски и деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, проф. д-р Ратко Дуев. Соработката помеѓу...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Порака од претседателот Пендаровски по повод 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ја упати следната порака: „Пред 21 година, во Охрид, претседателите на четирите тогашни најголеми политички партии заедно со претседателот Борис...

Претседателот Пендаровски се обрати на доделувањето на Наградата за младинско учество по повод Меѓународниот ден на младите

Претседателот Пендаровски се обрати на доделувањето на Наградата за младинско учество по повод Меѓународниот ден на младите

Претседателот Стево Пендаровски, вчеравечер се обрати на свечената церемонија на доделување на Наградата за младинско учество, што по повод Меѓународниот ден на младите, се одржа во Кабинетот на претседателот. Годинешни носители на наградата се актерката Изабела...

Делегациja од Кабинетот на Претседателот оддадe почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила

Делегациja од Кабинетот на Претседателот оддадe почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила

Делегациja од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Валентин Диневски, посебен советник за безбедност, по повод 21-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај...

Претставници од Кабинетот на Претседателот оддадоа почит на 10-те армиски резервисти загинати кај Карпалак

Претставници од Кабинетот на Претседателот оддадоа почит на 10-те армиски резервисти загинати кај Карпалак

Претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 21-годишнината од загинувањето на 10-те армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положија цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред...