Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

28 август 2020 | Соопштенија

Почитувани сограѓани,

Дозволете ми, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, на сите верници од православна вероисповед да им упатам најсрдечни честитки со искрена желба празникот да го минат во добро здравје и во благосостојба, исполнети со љубов и со хармонија.

Како еден од најзначајните празници посветен на Мајката Божја, Успение на Пресвета Богородица се прославува со особена радост во храмовите и во домовите на верниците. На големите собири кои традиционално се организираат за празникот, верниците ја делат трпезата и радоста со ближните и покажуваат грижа и солидарност. За жал, со оглед дека сè уште сме во екот на пандемијата со Ковид-19 која е огромна закана за нашите животи и за нашето здравје, годинава ќе мораме да го прославиме празникот одговорно и дисциплинирано, спроведувајќи ги сите правила и препораки. Верувам дека поинаквото секојдневие и видоизменетиот начин на практицирање на нашата вероисповед нема да ја разниша, туку напротив ќе ја зголеми нашата вера и духовност.

Да продолжиме да споделуваме со ближните во секоја прилика и да создаваме мир во нашите срца ширејќи ведрина и оптимизам.

Нека ни е честит празникот и за многу години.

Стево Пендаровски

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид. Пред учесниците на годинешната Школа за политики, претседателот Пендаровски...

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...