Честитка од претседателот Пендаровски до американскиот претседател Трамп по повод Денот на независноста на САД

4 јули 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, упати честитка до Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Почитуван господине Претседателе,

По повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име и во име на граѓаните на Република Северна Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки и искрени желби за севкупен просперитет на Вашата држава, како и за благосостојба на пријателскиот американски народ.

Воедно, би сакал да ја искажам својата длабока увереност дека во претстојниот период нашите билатерални односи ќе се развиваат со уште посилна динамика, отворен и конструктивен дијалог, и дека ќе градиме уште поцврсти и поинтензивни економски релации.

Заложбите за полноправно членство на Република Северна Македонија во НАТО и во Европската Унија се фокусните точки на нашето континуирано политичко делување. Благодарни за сета досегашна голема поддршка од Соединетите Американски Држави во остварувањето на нашите стратешки цели, граѓаните на мојата земја очекуваат несебичната поддршка да продолжи и во претстојниот исклучително важен период.

Господине Претседателе, и во оваа пригода дозволете ми да потенцирам дека Република Северна Македонија високо ја цени глобалната улога на Соединетите Американски Држави во зачувувањето на нашите заеднички вредности – мирот, безбедноста и демократијата. Во таа смисла, сакам да Ве уверам дека целосно сме посветени на јакнење и содржинско збогатување на стратешкото партнерство со Вашата држава. Бидете уверени дека сме подготвени за уште потесна, конструктивна соработка на тој план, во годините што доаѓаат.

Со такво уверување и со најискрени желби за Ваша натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, Ви упатувам, господине Претседателе, изрази на мое највисоко почитување.

Стево Пендаровски

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....