Четврт модул на Школата за политики за 2022 година при Претседателскиот центар за политичко образование

25 септември 2022 | Соопштенија

Викендов во Охрид се одржа четвртиот модул на Школата за политики за 2022 година при Претседателскиот центар за политичко образование којшто се реализира во соработка со фондацијата Конрад Аденауер.

На четвртиот модул на Школата поздравно обраќање имаше Даниел Браун, претставник на фондацијата Конрад Аденауер за Северна Македонија.

На тема „Геостратешки и безбедносни предизвици за ЕУ и НАТО соочени со војната во Украина“ онлајн се обрати Рајнер Мајер цум Фелде, бригаден генерал во пензија и претставник на Институтот за безбедносна политика при Кристијан Албрехт Универзитетот во Кил, Германија.

Предавање на тема „Справување со дезинформации и пропаганда во време на војна и енергетска криза во Европа“ одржаа Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Македонија и проф. д-р Јасна Бачовска Недиќ, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при УКИМ.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска одржа предавање на тема „Актуелни  безбедносни  предизвици  и  перспективи  од членството во НАТО во време на војна во Украина“. На тема „Војната во Украина – импликации врз националната и регионалната безбедност“ говореа проф. д-р Марјан Ѓуровски, вонреден професор на Институт за безбедност, одбрана и мир  при  Филозофскиот  факултет  на  УКИМ и Емил Димитриев, поранешен технички премиер и поранешен заменик министер за одбрана.

Комуникологот и претседател на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, Бојан Кордалов ја водеше работилницата на тема „Дигитализација, социјални медиуми и добро управување“, додека работилницата на тема „Од  почитувач  на  правилата  до оформувач на истите: Променливата глобална улога на Кина и нејзините импликации за Западен Балкан“ којашто ја водеше Ана Крстиновска, од ESTIMA Think Tank, се одржа на последниот ден од четвртиот модул на Школата за политики.

На тема „Регионалните спорови во склоп на процесот на ЕУ интеграција на регионот“ предавање одржа Зоран Нечев, Институт за демократија „Социетас Цивилис“.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации

Обраќање на претседателот Пендаровски на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации

Почитуван Претседател на Генералното собрание, Почитувани шефови на држави и на влади, Почитуван Генерален секретар, Дами и господа, Ми причинува особена чест и големо задоволство, во име на граѓаните на Република Северна Македонија, да се обратам од говорницата на...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот Стево Пендаровски вчера во Њујорк оствари билатерална средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол. На средбата, која е прва средба на ниво на претседатели на држави, беше изразен интерес и подготвеност за истражување на правците за...

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера го посети Њу Џерси. Во придружба на сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, претседателот Пендаровски го...

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации

Претседателот Стево Пендаровски, денеска – 22 септември 2023 година, петок, ќе се обрати на Генералната дебата на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, што се одржува на тема „Обнова на довербата и повторно стартување на глобалната солидарност: Забрзување на...