Ѓоргиевска: Единствениот адекватен одговор на омразата кон различноста е почитувањето на достоинството на различните

20 декември 2021 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на промоцијата на заедничката кампања на Европската унија и Советот на Европа во Северна Македонија насловена „Блокирај ја омразата. Сподели љубов“ во рамки на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“.

Во своето обраќање, сопругата на претседателот посочи  дека единствениот адекватен одговор на омразата кон различноста е почитување на достоинството на различните со што на дело ја блокираме омразата и ја споделуваме љубовта разбрана како грижа за вроденото достоинство на ранливите.

Ѓоргиевска истакна дека сите слободни и демократски држави и општества се исправени пред предизвикот како да се справат со говорот на омраза без притоа да ја ограничат фундаменталната човекова слобода на говор.

„Верувам дека тоа може да се постигне само со одговорно користење на слободата на говорот. Ниту едно човеково право не е исклучиво, туку е споделено. Правото за едниот е право и за другиот и споделена обврска за сите членови на општеството. Заедно, солидарно, да ја блокираме омразата, да ја споделиме љубовта и со тоа да градиме праведно општество ослободено од предрасуди“, рече Ѓоргиевска.

Кампањата има за цел да допре до граѓаните кои живеат на Западен Балкан, пренесувајќи пораки за опасностите од говорот на омраза во нашите општества претставувајќи ја љубовта како алтернатива на омразата. Во кампањата се користат сведоштва и во неа се вклучени и јавни личности кои се добро познати во регионот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28 која се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, денеска се обрати на Сегментот на високо ниво на Светскиот самит за климатски активности....

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, за време на неговото учество на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28, оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо. ...

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи оствари кратки средби со британскиот крал Чарлс Трети, со кралот на Јордан Абдула Втори, со претседателката на Република Словенија Наташа...

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, денеска прими делегација предводена од заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија, Јоичи Фуказава, којашто престојува во земјава по повод учеството на Министерски совет на ОБСЕ. [gallery...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности, што се одржува во рамки на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28. [gallery...