Ѓоргиевска: Можеме да создадеме свет во кој родовата еднаквост не е далечна цел, туку сегашна реалност

5 октомври 2023 | Aктивности, Средби

Во рамки на регионалната конференција на високо ниво „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки“, сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска се обрати и на последниот панел насловен „Повик за акција“.

Говорејќи за својата мотивација да за заложува за женската телесна автономија и родова еднаквост, сопругата на претседателот, Елизабета  Ѓоргиевска истакна дека во земјава, како и во многу делови од светот, постојат предизвици со кои мора да се соочиме бидејќи жените историски се соочуваат со бариери за пристап до здравствена заштита, образование и економски можности, а родово-базираното насилство останува загриженост што влијае на премногу животи.

Според г-а Ѓоргиевска, во нашата земја се направени значајни чекори за родовата еднаквост и зајакнувањето на жените и девојките, но предизвици има сè уште и траен напредок без регионална и меѓународна соработка не може да се постигне. Таа додаде дека оваа конференција е доказ за нашата посветеност да ги здружиме силите, да споделуваме знаење и да инспирираме акција.

„Кога зборуваме за тоа, дозволете ми да појаснам што е тоа што ја инспирира мојата посветеност, што е во согласност со суштината на Вашето прашање. Едноставно е, навистина. Тоа се приказните и лицата на жените и девојките со кои сум се сретнала во текот на мојот живот, како кај нас, така и низ целиот свет. Тоа се безбројните гласови кои често не се слушаат, силата што е потценета и потенцијалот што е занемарен“, истакна г-а Ѓоргиевска.


Нагласувајќи дека не се работи само за приказните за борба и неправда, туку се работи и за неверојатниот потенцијал што го имаат жените и девојките, сопругата на претседателот рече дека кога инвестираме во нивната благосостојба, кога ја обезбедуваме нивната телесна автономија и еднакви можности, ја отклучуваме силата за позитивна промена која може да ги трансформира општествата и нациите.

„Едноставно кажано, кога на жените и девојките им се даваат алатките и можностите што им се потребни, тие стануваат моќни двигатели на позитивни промени во нашите заедници и нашиот свет“, нагласи сопругата на претседателот.

Во однос на  нејзината мотивираност по однос на женската телесна автономија и родова еднаквост, г-а Ѓоргиевска истакна дека ја мотивира вербата дека никој не треба да биде отфрлен поради својот пол, ја мотивира уверувањето дека секоја жена и девојка го заслужува правото да одлучува за сопствениот живот и тело, како и визијата за свет каде што еднаквоста не е само збор, туку жива реалност.

„Исто така, мотивирана сум од сознанието дека можеме да го постигнеме тоа. Можеме да создадеме свет каде што родовата еднаквост не е далечна цел, туку сегашна реалност. Тоа е мисија која ги надминува границите, а јас сум горда што сум дел од ова глобално движење кон поправеден свет“, порача сопругата на претседателот.

Во оваа панел дискусијата се обратија и Арманда Бегај, сопруга на претседателот на Република Албанија, Мирела Беќировиќ, сопруга на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Тамара Вучиќ, сопруга на претседателот на Република Србија и Алеш Мусар, сопруг на претседателката на Република Словенија. Преку видео порака се обратија и сопругите на претседателите на Република Хрватска и на Украина, Сања Мусиќ Милановиќ и Олена Зеленска.

Домаќин на регионалната конференција на високо ниво, „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки“ е сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и истата е организирана во соработка со Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

На Конференцијата присуствуваа околу 100 претставници од државата и од регионот на Источна Европа и Централна Азија, ООН, меѓународната заедница, креатори на политики, жени лидери, претставници/чки на граѓанското општество, на младите, експерти и други засегнати страни. Телесната автономија и сексуалното и репродуктивното здравје и права се клучни за напредокот кон родовата еднаквост, постигнувањето на Целите за одржлив развој на ОН и целите на Програмата за акција на Меѓународната конференција за население и развој (ICPD) што се одржа во Каиро, Египет, во 1994 година.

 

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...

Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од средните училишта: СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС Марија Склодовска Кири и СУГС Лазар Танев коишто учествуваат во Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници, чија...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Отворениот форум за антикорупција

Обраќање на претседателот Пендаровски на Отворениот форум за антикорупција

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на дводневниот Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, а во рамки на Програмата Граѓаните против корупцијата и Програмата Регионалната мрежа за...

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Обраќање на сопругата на претседателот на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ што се одржа во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а по повод...