Ѓоргиевска: Наша заедничка должност е да креираме патоказ по кој без страв и чувство на помала вредност за себеси ќе чекорат нашите деца и млади

24 ноември 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на настан по повод 20 години од меѓународната студија „Однесувања поврзани со здравјето на децата од училишна возраст (11, 13 и 15 години) во Република Северна Македонија“ што се одржа под нејзино покровителство во Кабинетот на претседателот.

Носител на оваа меѓународна лонгитудинална студија е Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска со поддршка на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието и истата се спроведува во 51 земја од Европа и Северна Америка. Во нашата земја, годинава истражувањето се одвиваше по шести пат на национален примерок од 5140 ученици од најзастапените наставни јазици, македонскиот и албанскиот, на возраст од 11, 13 и 15 години.

Во своето обраќање пред присутните, сопругата на претседателот истакна дека е значајно да се зборува и истражува за промените во однесувањата и животниот стил на младите, улогата на најблиските, нивните врсници, образовните и здравствените институции, културата, секојдневието и опкружувањето, во развојот и унапредувањето на здравјето, како и учеството на еден млад човек како единка во стекнувањето на навики за уредување на сопствениот живот.

„Мојот ангажман како здравствен работник кој се грижи за здравјето на децата и младите, ја потврдува потребата од анализирање и осознавање на промените во однесувањето на младите и нивниот животен стил за посоодветно едуцирање и советување за лекување, превенција и заштита на здравјето или за потенцијални идни состојби кои имаат влијание врз целокупниот нивни  развој“, нагласи Ѓоргиевска.

Честитајќи ја 20 – годишнината од спроведувањето и 40 – годишнината од основањето на оваа значајна студија, сопругата на претседателот се заблагодари на работата и напорите на истражувачите, како и на споделените мислења и придонесот во наодите на студијата на сите учесници додавајќи дека не треба да се заборави на сите засегнати страни кои придонесуваат кон развојот и унапредувањето на здравјето на децата и младите, како соодветните институции, едукаторите, лекарите, психолозите, социјалните работници и сите останати засегнати учесници во овој процес како креатори на нивното сегашно и идно однесување.

„Наша заедничка должност е да креираме патоказ по кој без страв и чувство на помала вредност ќе чекорат нашите деца и млади. Наша обврска е да ги заштитиме, едуцираме, да им дадеме безусловна поддршка во нивниот развој, да ги вклучуваме при креирањето на политики кои ги засегаат, правилно да ги информираме, да ги ислушаме нивните потреби и да ги бодриме и упатиме во нивните одлуки за градење на здрави животни навики и живот“, порача сопругата на претседателот.

На настанот се обратија министерот за образование, Јетон Шаќири и Лина Ќостарова – Унковска, директор на Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска, а беа презентирани и резултатите од студијата – трендови на индикатори на здравјето низ подолг период и беа доделени признанија и сертификати на поединци, институции и организации кои го дадоа својот придонес за студијата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „Ѓорги Сугарев” – Битола во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „Ѓорги Сугарев” – Битола во рамки на Отворен Кабинет

Во пресрет на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост денеска се реализираше активноста Отворен Кабинет, во рамки на која Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија го посетија ученици со атипичен развој од ООУ „Ѓорги Сугарев" - Битола....

Претседателот Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Претседателот Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Претседателот Стево Пендаровски, денеска се обрати на петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европска унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) што во организација на Европското движење се одржува во Собранието на Република Северна Македонија. Во...

Средба на претседателите Пендаровски и Штајнмајер со млади од Претседателскиот центар за политичко образование

Средба на претседателите Пендаровски и Штајнмајер со млади од Претседателскиот центар за политичко образование

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска во Старата чаршија во Скопје остварија средба со Алумни членови на Претседателскиот центар за политичко образование и стипендисти на партнерските...

Претседателите Пендаровски и Штајнмајер во посета на Старата скопска чаршија

Претседателите Пендаровски и Штајнмајер во посета на Старата скопска чаршија

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска ја посетија Старата скопска чаршија, како културно-историски дел од Скопје и симбол на македонското мултиетничко општество. [gallery...

Државна вечера во чест на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер

Државна вечера во чест на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер

По повод официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмајер, беше приредена државна вечера, на која беа поканети претставници од државниот врв, пратеници, претставници од политичките партии, како и стопанственици од бизнис...