Ѓоргиевска: Родовата еднаквост и економското зајакнување на жените – едни од клучните предуслови за одржлив и инклузивен развој на македонското општество и инклузија

28 ноември 2022 | Aктивности, Соопштенија

 

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на тркалезната маса  „Женското претприемништво во Република Северна Македонија и неговата улога во даночниот систем“, во организација на Управата за јавни приходи.

Настанот се одржува во рамки на одбележувањето на Денот на даночниците – 29-ти Ноември и годинава е посветен на улогата на женското претприемништо во даночниот систем. Во насока на искажување поддршка кон компаниите, како и одблиску запознавање со секојдневното функционирање на жената менаџер, управител, претприемач, во текот на овој месец беа остварени повеќе средби со компании управувани од жени, а денешниот настан го заокружува овој процес.

Во фокусот на тркалезната маса се искуствата на жените претприемачи при менаџирање на компаниите во регионот, предизвиците со кои се соочуваат, вклученоста во даночниот систем и други прашања чија цел е преку дијалог и структурна соработка да се придонесе кон зајакнување на женското претприемништво.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска:

Почитувани присутни,

Ми претставува чест да ве поздравам денес во пресрет на Свети Матеј – Денот на даночните работници и ми претставува чест да бидам дел од оваа тркалезна маса посветена на женското претприемништво.

Кабинетот на претседателот, практично, учествуваше во повеќе активности што беа во смисла на промоција на женското претприемништво, организиравме базари за жени занаетчики и жените од руралните средини. Меѓутоа, и покрај тоа мислам дека е добро, освен позитивните моменти да се осврнеме на она што сè уште треба да направиме во иднина, она што треба да ни биде поттик да ги подобриме состојбите во иднина. Па, така, би сакала да ставам акцент на  три моменти.

Прво, принципот на рамноправно плаќање за еднаква работа како еден од најстарите принципи во ЕУ, бидејќи жените во принцип се помалку платени од мажите за извршување на истата работа, и покрај големиот напредок во степенот на образование, на работното искуство и стручноста на пазарот на трудот. Исто така, помалку се застапени во многу професии, иако знаеме дека претставуваат половина од населението. Повеќе се застапени во помалку платените сектори, знаеме дека жените се најмногу застапени во текстилната индустрија, во образованието, во здравството, во угостителството и ваквата нееднаквост се одразува и на нивното учество во даночниот систем како даночни обврзници.

Понатаму, родово-базираната дискриминација со која се соочуваат жените на работа е поттикната генерално од традиционалните норми, родовите стереотипи, при што, да речеме, на пример бременоста, сè уште останува ризичен потег во кариерата, бидејќи жените честопати се принудени да избираат помеѓу нивните кариери или да имаат деца. Пандемијата со Ковид-19 дополнително го прошири јазот, бидејќи, од една страна, многу жени претприемачки мораа да останат дома да ја работат својата работа, но истовремено да се грижат и за децата, за болните членови на семејството и за постарите, а од друга страна, пандемијата го забрза процесот на дигитализација и автоматизација и тоа неминовно се одрази на пазарот на трудот и на економијата. Извештајот на Светскиот економски форум за индексот на глобален родов јаз покажува дека тој е најголем токму во секторите што бараат иновативни дигитални и технички знаења и вештини, а врз тоа знаеме дека се темели дигиталната економија и практично, ваквата нееднаквост на можностите го успорува економскиот раст и развој на државата.

И овие денови, посветени на 16 дена активизам во борбата против родово базираното насилство, морам да се осврнам и на тоа, бидејќи сметам дека освен отвореното насилство многу повеќе се соочуваме и со прикриено насилство. Освен физичкото и психичкото, постои и финансиска, економска зависност, бидејќи доколку жените се економски независни многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви на насилството.

И на крајот, би сакала да кажам дека се надевам дека со овој настан ќе придонесеме за најмалку две цели:

Прво, да ја пренесеме пораката дека родовата еднаквост и економското зајакнувањето на жените се еден од клучните предуслови за одржлив и инклузивен развој на македонското општество и економија.

Економското зајакнување на жената е истовремено индикатор за нивото на демократизација на општеството, но и патоказ кон поправеден економски развој во кој ќе има место за секого. Економското зајакнување на жената е зајакнување на општеството во целост и претставува инвестиција во иднината и гаранција за просперитетот на државата. Економското зајакнување значи и поразвиена економија. Искуствата од големите економски кризи на 20 век покажуваат дека први на удар најчесто се жените. Но, онаму, оние држави кадешто жените се избориле за своето место има многу побрзо закрепнување во државата. Државите со поголема родова балансираност многу побргу, многу полесно ги пребродуваат економските кризи. И компаниите кадешто на чело, на  раководните одбори имаат жени, честопати се поуспешни. Зошто? Заради различниот профил на лидерство, коешто всушност претставува комбинација на амбиција и емпатија, синергија меѓу емоционалните и институционалните капацитети.

Со овој настан мислам дека ќе придонесеме кон поголема промоција, вмрежување и препознатливост на женските бизниси, ќе помогнеме да се отстранат бариерите за полесен влез на жените во бизнис-светот, кадешто со достигнување на своите потенцијали ќе придонесат за напредокот на државата. Со промоцијата на позитивните бизнис приказни и практики на жените, промовираме бизнис-етика што е општествено одговорна, бидејќи вредноста на бизнисот не може да се мери само со профитот на компанијата, туку и со благосостојбата што ја предизвикува во општеството.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...