Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

30 мај 2023 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај – Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза.

Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска истакна дека оваа болест е тешка и непредвидлива и бара постојана борба и терапии при што суштествена е психолошката поддршка на болните, но и на нивните семејства.

„ Затоа би сакала да ја искористам оваа можност, и на сите заболени од мултиплa склероза, но и на нивните блиски, како и на моите колеги лекари кои учествуваат во дијагностицирањето и лечењето, да им честитам на храброста и упорноста. Вие сте пример за сите нас, пример за целото општество. Оттука севкупната заедница, сите ние заедно мора да направиме се за да ја подобриме вашата состојба. Тука сме да ве поддржиме, да ви олесниме, да ви помогнеме. Да ви подадеме рака во вашата секојдневна исцрпувачка борба со лошата болест. Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината“, порача сопругата на претседателот.

Според г-ѓа Ѓоргиевска денешниот настан организиран од Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е можност за споделување на искуства, информации и практики.

„Членовите на здружението, со оглед дека и самите се лица со мултипла склероза знаат со какви искушенија се соочува секој што живее со оваа болест. Уште еднаш јавно ви  изразувам благодарност и ви посакувам и понатаму ревносно, посветено и полни со оптимизам да ги реализирате вашите програми и проекти. Верувам дека нема да останете сами во активностите за подобрување на секојдневието на лицата кои боледуваат од мултипла склероза и дека ја имате поддршката од целата заедница“, истакна г-а Ѓоргиевска.

На настанот воведно обраќање имаше Ана Карајанова Димитрушева, претседател на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, а се обратија и министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин и директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за неврологија, Висар Мифтари.

Со овој настан, Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза се приклучува во глобалното одбележување на Светскиот ден посветен на мултипла склероза којшто и годинава се одбележува под мотото „МС поврзувања“, со цел подигање на свеста и обезбедување навремена и точна дијагноза, подобра терапија и подобар квалитет на живот за пациентите со мултипла склероза.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. Говорејќи за значајноста на зајакнувањето на економската сигурност на жените во...

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Викендов во Кавадарци се одржа третиот модул на Школата за политики за 2023 година, при Претседателскиот центар за политичко образование. Третиот модул на Школата го отворија д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за...

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски кој е...

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети црквата „Св. Ѓорѓија“ во с.Курбиново кадешто се одвива првата фаза од проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во ентериерот на црквата којашто е ставена под заштита како културно-историски...