Јавен повик – „Млади менаџери и бизнис-лидери“

10 ноември 2020 | Јавни повици, Соопштенија

Под покровителство на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, а во соработка со Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во претстојниот период ќе се реализира програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“.

Целта на програмата е преку трансфер на знаења овозможен преку соработката на Претседателот и Советот на странски инвеститори, избраните кандидати да се стекнат со обуки за стратешко планирање и лидерски вештини, како и да им биде овозможена посета на различни сектори во рамките на компаниите коишто ги селектирал избраниот кандидат.

На избраните учесници ќе им биде овозможено учество на вебинари, подготовка на „студија на случај“, како и можности за комуникација и присуство на состаноци со извршниот директор.

Истовремено, програмата ќе придонесе да се откријат потенцијални таленти, на компаниите кои ќе учествуваат во Проектот ќе им овозможи подобро да разберат што ги мотивира младите и да се воспостави мрежа на идни бизнис-лидери и менаџери.

Програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“ е предвидено да се реализира во периодот од декември годинава до февруари 2021 година. Обуките ќе бидат спроведени во неколку компании, односно: ЕВН Македонија АД, Комфи Ангел, Ван Хоол Македонија, Кемет Електроникс Македонија, ЕОС Матрикс Македонија, Филип Морис ТКП и Рамстор Македонија.

 

Право на пријавување на јавниот повик имаат:

  • студенти коишто се во последната година од нивните додипломски студии;
  • дипломирани студенти;
  • студенти на магистерски и докторски студии на универзитети/факултети по економија, право, човечки ресурси, менаџмент, јавна администрација, бизнис или научна област со која се занимаваат компаниите, вклучени во оваа програма.

Старосната граница е 29 години.

Сите заинтересирани студенти можат да се пријават на следниот линк или на е-мејл: [email protected], најдоцна до 20.11.2020 година.

Лице за контакт во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија:

Пранвера Имери,
тел. 075229099
e-mail адреса: [email protected]

Лице за контакт од Советот на странски инвеститори:

Влатко Стојановски
Тел 02/.3244-004
Е-мејл: [email protected]

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Во Кабинетот на претседателот денеска сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска беше домаќин на консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна. На средбата присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска,...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата – 20 Mарт, ја упати следната порака: Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на Франкофонијата. За Република Северна Македонија, членството во Меѓународната организација на Франкофонијата е...

Претседателот Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Претседателот Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов. Претседателот Пендаровски утре – 21 март 2023 година, вторник, во седиштето на...