Јавен повик од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

14 октомври 2019 | Соопштенија

Врз основа на член 13 став 2 од Одлуката за организација и делокруг на работа на Кабинетот на претседателот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 30/2000, 9/2001, 41/2010 и 142/2013), Правилникот за ангажирање на научни и стручни соработници бр.04-111/1 од 29.05.2019 година, и Правилникот за утврдување критериуми за ангажирање научни и стручни установи и истакнати научни и стручни работници во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија бр. бр.04-111/2 од 29.05.2019 година, се објавува

Јавен повик за изразување интерес за ангажман
на надворешен соработник во
Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија спроведувајќи ги доследно заложбите на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, за давање на еднакви можности на сите граѓани за нивно вклучување во процесите на креирање на политики значајни за развојот на нашата држава, го објавува овој повик за изразување интерес за ангажирање лице ‒ надворешен соработник за прашања од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија.

За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес во кое ќе ги објасните вашиот мотив како и CV.

Лицата треба да ги исполнуваат следните критериуми:
– да се државјани на Република Северна Македонија;
– да се полнолетни;
– со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
– да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен или студии со стекнати 240 ЕКТС од областа на општествените науки;
– да имаат искуство во работата на законодавната, извршната или судската власт;
– да има најмалку 5 години работно искуство во работа и соработка со невладини организации од земјата и странство, од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија и евроатлантски интеграции.
– да имаат познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски). Познавањето и на други јазици ќе се смета за предност;
– да ги исполнуваат условите за добивање на безбедносен сертификат.

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија ги поканува сите кандидати кои ги исполнуваат условите да искажат интерес. Заинтересираните кандидати покрај писмото за интерес е потребно да достават и докази со кои ќе потврдат дека ги поседуваат потребните квалификации и релевантното работно искуство.
Писмата за изразување интерес со документацијата треба да се достават во писмена форма до архивата на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на ул.„Ацо Караманов“ бр.33А, Скопје, со назнака „Јавен повик за изразување интерес за ангажирање на надворешен соработник“, во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавата на овој повик.

КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Со четвртиот модул заврши првата Школа за политики при Претседателскиот центар за политичко образование

Со четвртиот модул заврши првата Школа за политики при Претседателскиот центар за политичко образование

Вчера и денеска во соработка со партнерските организации, Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Националниот демократски институт (НДИ) се одржа последниот, четврт модул со кој се финализираше Школата за политики за 2021 година при Претседателскиот центар за...

Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот положи цвеќе по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот положи цвеќе по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Генералниот секретар Миле Бошњаковски како претставник на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје....

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Датумот на основањето на македонската...

Претседателот Пендаровски се обрати на завршниот настан на 6. Отворени денови на Институтот за македонски јазик

Претседателот Пендаровски се обрати на завршниот настан на 6. Отворени денови на Институтот за македонски јазик

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Небрегово ja посети Спомен-куќата на Блаже Конески и се обрати на завршниот настан на 6. Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“. Во рамки на настанот, претседателот Пендаровски положи свежо...