Сопругата на претседателот ја посети Клиниката за инфективни болести на ЈЗУ Општа болница Куманово

13 мај 2021 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, денеска ја посети Клиниката за инфективни болести на ЈЗУ Општа болница Куманово.

Ѓоргиевска беше информирана за тековните активности и за предизвиците со коишто се соочуваат здравствените работници во оваа клиника. Во таа насока ја нагласи нивната пожртвуваност, посветеност и висок професионализам, особено имајќи ги предвид сложените услови за работа наметнати од пандемијата на Ковид-19, истакнувајќи ја, во тој контекст, неопходноста од одговорно и свесно однесување, на сите граѓани, за побрзо надминување на глобалната здравствена криза.

За време на посетата на болницата, сопругата на претседателот се сретна и со здравствениот персонал ангажиран во „Зелената зона“ на Модуларниот  ковид центар, кои што ја запознаа со капацитетите и со интензитетот на нивната работа во услови на ковид-19. Ѓоргиевска изрази увереност дека со намалувањето на бројот на заболени, за брзо време ќе се воспостави и нивното нормално функционирање.

Во духот на традицијата на празникот Рамазан бајрам, сопругата на претседателот, Ѓоргиевска, со домашно подготвена баклава, го почести дежурниот медицински тим на Клиниката за инфективни болести и во трите ковид центри на Општата болница Куманово.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...