Врачена награда на прворангираната питомка Биљана Дуловиќ од Црна Гора

21 октомври 2020 | Соопштенија

Денеска во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” –  Скопје, се одржа свечена заклетва на 24-та класа студенти-питомци во студиската 2020/2021 година и свечена промоција во прв официрски чин на студентите-питомци од 20-тата класа.

Заклетва дадоа четириесет питомци од 24-та класа на Академијата, кои ќе го започнат своето воено образование. Од нив, дваесет и пет се од Северна Македонија, осум од Црна Гора, шест од Босна и Херцеговина и еден од Косово.

Во првиот офицерски чин, потпоручник, беа промовирани дваесет и седум питомци од 20-та класа, кои го завршуваат своето воено образование на Академијата. Од нив, деветнаесет се од Република Северна Македонија, тројца од Црна Гора, четворица од Босна и Херцеговина и еден од Косово.

Во име на претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, на прворангираната питомка Биљана Дуловиќ од Црна Гора и беше доделена награда, а признанието го врачи полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот на Република Северна Македонија.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на конференцијата  „Успешни жени за успешен регион“  што се одржа во Скопје во организација на регионалната непрофитна иницијатива Women on Boards Adria - WOBA (Жени во органи на управување Јадран). Во...

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри. На средбата беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со висок степен на...