Во интервјуто за емисијата „360 Степени“ на телевизија Алсат-М, претседателот Стево Пендаровски одговара на прашања поврзани со најновите случувања во однос на македонско-бугарските односи и перспективите за членство во ЕУ. Меѓу темите на интервјуто се домашните правни дилеми во однос на вонредната состојба, одржувањето на парламентарните избори и работата на Собранието, како и актуелните безбедносни предизвици.