Интервју на претседателот Стево Пендаровски за државната агенција МИА

16 јануари 2021 | Интервјуа

На овие простори пописот се врзува за политичка операција, затоа што се уште правата на луѓето се гледаат пред се низ националната призма. Затоа, ни требаат конкретни изјави дека и по смена на власта никој нема намера да го менува Уставот и да ги одзема правата, потенцира претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за МИА.

„Да не потпалуваме оган со скриени агенди, затоа што пописот треба да биде статистичка операција без политичко мешање. Легитимна е политиката на опозицијата да ја критикува власта, но би сакал да ги видам конструктивните предлози на опозицијата во однос на пописот да бидат прифатени“, порачува претседателот Пендаровски.

Во интервјуто за државната агенција Претседателот дава одговори и на актуелните прашања од внатрешно – политичката сцена, говори за меѓународните односи, евроинтеграциските процеси и за билатералните односи со Република Бугарија, за очекувањата за постизборна промена на бугарската политика, но и за опциите кои ги имаме доколку бугарската позиција остане константна.

„Станува збор за еден пристап инициран од наша страна, за кој се надевам дека бугарската страна ќе се согласи, кој треба да ја изгради повторно атмосферата на доверба, за да можеме да разговараме за сите прашања. Не станува збор за никаков нов договор, додаток на договор, протокол или анекс “, вели претседателот Пендаровски во интервјуто за МИА, подвлекувајќи уште еднаш дека идентитските прашања за нас не се тема.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...