Во демократија не смеат да се одземаат ничии права. Законот за попис ќе го издржи тестот на времето, и ќе ја заврши својата примарна функција, врз негова основа да направиме попис во чии резултати на крај никој нема да се сомнева, изјави претседателот на Република Северна Македонија во интервју за ТВ Клан.
Во интервјуто претседателот Пендаровски ги искажува своите ставови околу новата методологија за тоа прочистување во судството и во обвинителството, зборува за очекувањата од новата американска администрација во однос на Балканот, како и за очекувањата од развојот на односите со Бугарија, низ призма на македонските европски интеграции.
Претседателот Пендаровски зборува и за справување со пандемијата и процесот на вакцинација кој што следува.