Претседателот Пендаровски прими македонски научници кои се меѓу најцитираните и највлијателните научници за 2020 година

22 декември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими дел од македонските научници коишто се на листата на најцитирани и највлијателни научници на светско ниво од сите области за 2020 година, публикувана од Универзитетот Станфорд oд САД.

На средбата научниците го информираа претседателот Пендаровски за нивните научно-истражувачки активности, како и за перспективите и потенцијалите на областите во коишто секој од нив работи. На средбата се разменија мислења и за низата предизвици коишто значително го усложнуваат неопходниот развој на науката и истражувачката дејност во земјава.

Упатувајќи честитки за импресивните достигнувања на нашите научници, претседателот Пендаровски ја нагласи потребата од зајакнување на соработката меѓу државните институции, науката и бизнис секторот, бидејќи развојот на секое општество е неминовно врзан со инвестирањето во образованието. Во тој контекст ја нагласи неговата лична заложба за промовирање и поддршка на проекти чија цел е поттикнување на научната и истражувачката работа кај младите.

Помеѓу топ 2% најцитирани и највлијателни научници на светско ниво од сите области, се најдоа Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, Леонид Грчев, член на МАНУ, Валентин Мирчески од Институт за Хемија од ПМФ – Скопје, Рубин Гулабоски од Факултет за медицински науки на Универзитетот Гоце Делчев –  Штип, Трајче Стафилов и Иван Грозданов од Институт за Хемија од ПМФ – Скопје. На листата е и Ратко Јанев, член на МАНУ,  кој почина минатата година. Изборот е направен врз основа на опсежна анализа на релевантни индикатори како објавени трудови, цитираност, h-index на цитираност, број на поминати години од првиот објавен труд на научниците, како и вкупен импакт во соодветното поле на истражување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...