Обраќање на отворањето на изложбата на младите членови на ДЛУМ

7 март 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, се обрати на отворањето на изложбата на младите членови на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Во својот говор претседателот Пендаровски нагласи дека улогата на уметниците е незаменлива во критичкото преиспитување на состојбите во нашето општество.

„Преку вашите дела вие можете појасно, похрабро, послободно и погласно да ги адресирате сите чувствителни теми, да ја провоцирате совеста на луѓето и да го инспирирате општеството да се движи кон нови творечки вертикали. Вашите слики се она огледало што и е потребно на нашата земја за да се соочи со вистината за себе си, но и да се отвори и да му ги прикаже на светот своите културни потенцијали“, рече претседателот Пендаровски, истакнувајќи дека една од најважните задачи на ДЛУМ е афирмација на македонските ликовни уметници на домашната и меѓународната ликовна сцена.

Осврнувајќи се на одбележувањето на 75 години од основањето на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, што под негово покровителство ќе се одржи следната година, претседателот Пендаровски истакна дека големиот јубилеј ќе биде можност за потсетување на некои од најголемите креативни потфати кои се нераздвоен дел од македонското културно наследство, а на новата генерација уметници им посака со своите свежи идеи и нови дела да ги надминат достигнувањата на мајсторите од кои учеле и од кои се инспирирале.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...