Обраќање на претседателот Пендаровски на 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

16 септември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 42. Издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

Како покровител на оваа значајна манифестација, претседателот Пендаровски истакна дека благодарение на фестивалот, Битола и Република Северна Македонија се присутни на светските филмски мапи и се посакувана дестинација за кинематограферите и останатите филмски работници од сите светски меридијани.

Во продолжение е текстот од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани организатори на фестивалот Браќа Манаки,

Почитувани лауреати,

Драги гости и пријатели

Јасно е дека живееме во време/невреме што ги забави, дури и замрзна нашите животи, во кои сликите од различните модели на комуникација, на едно симболично, но, и на фактичко ниво, престанаа да бидат подвижни.

Сведочиме за прекин на нашите внатрешни и заеднички нарации како можност за подобар живот. А таквата состојба не му е својствена на човекот, напротив, таа му создава празнини кои тешко се пополнуваат. Дури и повеќе, во таа желба за враќање на динамиката на животот, на нашите „подвижни слики“, филмската уметност особено во овие пандемиски времиња, е екстензијата која води кон прекинатите човечки, емоционални варијации на животот. Како што во една прилика забележа Тарковски: „Целта која ѝ е доделена на филмската уметност не е, како што често се претпоставува, да служи само како допадлив пример за разонода. Целта на филмската уметност, и воопшто на уметноста, е да ја подготви личноста за соочување со сите искушенија, па дури и со смртта, да ја изора и вознемири нејзината душа, давајќи ѝ можност да се врати кон доброто и благородното, кое некаде по пат, низ животот го изгубила.“

Почитувани,

Чест ми е што сум покровител на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“, еден од најзначајните  културни настани во нашата земја, бездруго значаен и на меѓународно ниво. Имено, посветен на кинематограферите, фестивалот може да се пофали со оригиналност, богата историја и чиста љубов кон седмата уметност – бидејќи е посветен токму на сликите, на визуелниот јазик на животот.

Благодарение на фестивалот, Битола и Република Северна Македонија се присутни на светските филмски мапи и се посакувана дестинација за кинематограферите и останатите филмски работници од сите светски меридијани.

Минатата година, ги немаше филмските проекции, полната кино сала и возбудата што ја носи фестивалот, кој е своевиден празник за градот Битола како град домаќин, но и за целата наша држава. Недостасуваше гостите да прошетаат низ Широк сокак и да ги откриваат тајните на градот на конзулите кој во своите филмови го овековечија првите сниматели на Балканот, Јанаки и Милтон Манаки.

Годинава и покрај тоа што како и целиот свет сѐ уште се бориме со пандемијата, имаме фестивал во целосен формат, за што најискрено им честитам на организаторите, на сите поддржувачи и фанови на фестивалот и секако на драгите гости кои дојдоа во Битола.

42 –то издание на „Браќа Манаки“ треба да покаже дека фестивалот е жив, витален и опстојува покрај сѐ,  како што мораме и во секој друг сегмент од животот да продолжиме понатаму со оптимизам и надеж и покрај сите тешкотии и проблеми кои не притискаат секојдневно.

Драги пријатели,

Ќе дозволите да повторам една работа што ја кажав и минатата година. Токму деновите поминати во карантин, во изолација, во нашите домови, нѐ потсетија колку подвижните слики се неопходни за нашите животи. Исто така не натераа да ја видиме разликата помеѓу малите екрани и магијата на големото платно. Да се надеваме дека нашите животи ќе се вратат во нормала, ќе има се помалку ограничувања, а сѐ повеќе можности за животни радости и за дружење со уметноста.

Ви посакувам добро здравје и посакувам успешно 42-ро издание на „Браќа Манаки“, за кое сум уверен дека ќе донесе врвни филмски остварувања и уметничка естетика.

Ви благодарам.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на конференцијата  „Успешни жени за успешен регион“  што се одржа во Скопје во организација на регионалната непрофитна иницијатива Women on Boards Adria - WOBA (Жени во органи на управување Јадран). Во...

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри. На средбата беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со висок степен на...