Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата со коронавирусот

7 април 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска, 7 април, оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се заблагодари на генералниот секретар за топлото и искреното добредојде за Северна Македонија во НАТО, подвлекувајќи дека членството во најголемата безбедносна алијанса за нас е поттик за натамошен развој и значен придонес кон стабилноста, безбедноста и просперитетот на сегашните и идните генерации.

Претседателот Пендаровски го информираше генералниот секретар Столтенберг за состојбата со спречување и справување со последиците од пандемијата на COVID-19 во Северна Македонија и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции. Соговорниците разговараа за активностите кои НАТО ги презема со цел оваа здравствена криза да не премине во безбедносна, осврнувајќи се притоа на се поприсутните дезинформации и начините за справување со истите. Покрај ова, соговорниците изразија задоволство од фактот дека НАТО дава поддршка на своите земји-членки во логистичка и транспортна поддршка за транспорт на медицинска опрема, која е неопходна кај земјите членки, медицински персонал, како и употреба на иновативни технологии за креирање на медицинска опрема.

Во таа насока претседателот информираше дека повеќе земји-членки на НАТО веќе дадоа помош на Северна Македонија, поткрепувајќи го во пракса сојузништвото во справувањето со глобална криза како пандемијата на COVID-19. Северна Македонија е исто така дел од здружениот информативен систем на НАТО, преку, Центарот за управување со кризи, кој е дел од програмата на НАТО наречена „Next generation incident system” која служи за подобра размена на информации и подобра соработка меѓу институциите во земјава.

На крајот, соговорниците договорија засилена комуникација помеѓу надлежните институции во претстојниот период како и размена на информации во делот на справувањето со пандемијата со COVID-19 и организираните кампањи за ширење лажни вести. Заеднички беше констатирана  потребата од здружување на силите и нагласена солидарност меѓу сојузниците со цел успешно справување со кризата која има не само здравствена, туку и социјална и економска димензија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...