Порака од претседателот Пендаровски по повод 9 Мај – Денот на Европа и Ден на победата над фашизмот

9 мај 2020 | Обраќања, Соопштенија

По повод 9 Мај – Денот на Европа и Ден на победата над фашизмот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

Пред седум децении тогашниот француски министер Роберт Шуман ја претстави својата визија за Европа во која истакна дека „Европа нема да се изгради одеднаш или според еден единствен план. Таа ќе се гради преку реални достигнувања кои првенствено создаваат де факто солидарност“. 70 години подоцна, визијата за Европа, како опција за одржување на мирот, заснована на принципите на соработка и солидарност уште трае.

Уште од независноста во 1991 година, македонското општество ја избра Европската Унија како своја стратешка цел, прифаќајќи ги европските вредности на демократија, владеење на правото, економска соработка и просперитет за своите граѓани. Оваа година се оствари сонот на многу генерации, ја добивме одлуката за почеток на преговорите за членство, наскоро очекуваме да се определи преговарачката рамка, а по нејзиното одобрување да го почнеме пристапниот процес со првата меѓувладина конференција.

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 ни ја покажа на дело важноста да се биде дел од европското семејство и поддршката која оваа заедница може да ни ја обезбеди за стабилност и просперитет.

Овој ден, исто така, го одбележуваме како Ден на победата над фашизмот. Пред 75 години, антифашистичката коалиција извојува голема победа со безусловната нацистичка капитулација.

За време на Втората светска војна, и граѓаните на Македонија преку НОБ и партизанското движење, ја одбраа вистинската страна, одлучувајќи да се соочат со фашистичкото зло и да се борат да ја ослободат својата татковина за да и обезбедат просперитетна иднина.

Нашата определба е да бидеме дел од Европа во која се почитуваат слободите на сите народи, да градиме отворено, праведно, солидарно и демократско општество во кое секој ќе се чувствува еднакво вреден, а младите ќе добијат шанса да успеат дома.

Поради пандемијата со Ковид-19 годинава ќе изостанат бројните настани кои секоја година се одржуваа со цел да се одбележи Денот на Европа, како и Денот на победата над фашизмот. Сепак, да го искористиме 9 Мај да се потсетиме дека мирот и благосостојбата на општествата немаат цена, а соработката и солидарноста се клучни ако сакаме да имаме развој и просперитет.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на конференцијата  „Успешни жени за успешен регион“  што се одржа во Скопје во организација на регионалната непрофитна иницијатива Women on Boards Adria - WOBA (Жени во органи на управување Јадран). Во...

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри. На средбата беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со висок степен на...