Порака од претседателот Пендаровски по повод празникот Јом Кипур

27 септември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Eврејската заедница во Република Северна Македонија.

Почитувана г-ѓo Берта Романо-Николиќ,

Јом Кипур има уникатно место во еврејскиот календар. Една од клучните пораки на овој празник на покајанието, искупувањето и помирувањето е дека не е предоцна за да се сврти нова страница во животот, да се биде благодарен за благословите во сопствениот живот и да се биде благослов во животите на другите луѓе и во општеството.

Вам, лично, и на сите припадници на Eврејската заедница во Република Северна Македонија од сè срце Ви посакувам овој „ден на деновите“ да го поминете во добро здравје, среќа и љубов. Молитвите и постот нека Ви донесат утеха, духовен мир, поттик за добри дела што ги рушат бариерите меѓу луѓето и заедниците. Малите дела на добрина, хуманост и солидарност можат да направат голема разлика, особено во време кога се соочуваме со глобалната пандемија со Ковид-19. Затоа, иако малубројна, Еврејската заедница со своите вредности има голем удел во негувањето на човечкото достоинство и заемното почитување во македонското мултиетничко, мултијазично и мултиконфесионално општество.

На овој празник посакувам и понатаму сплотени да работиме на просперитетот на нашата заедничка татковина Република Северна Македонија и да дејствуваме за нејзин просперитет и напредок.

G’mar chatima tova.

Стево Пендаровски

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...