Порака од претседателот Стево Пендаровски по повод 17 Мај – Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата

17 мај 2020 | Обраќања

По повод 17 Мај – Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ја упати следната порака:

Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата – 17 Мај оваа година, за жал, го дочекуваме по одлуката на Уставниот суд да го укине Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој стапи на сила пред една година.

Законот за спречување и заштита од дискриминација беше огромен исчекор забранувајќи секаква дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло, национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.

Со него се обезбедува професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, преку зголемување на нејзината независност и надлежност.

Очекувам идниот парламентарен состав, веднаш по конституирањето да го стави Законот како една од приоритетните точки во својата работа. Како земја која има аспирации да биде дел од семејството на современите евро-атлантски демократии, не смееме да дозволиме да немаме ефикасна законска рамка која ќе ги штити маргинализираните заедници, соодветно на вредностите на отворено и демократско општество.

Положбата на ЛГБТИ-луѓето во земјава е се уште на незавидно ниво, многу од нив живеат во страв за општествената прифатеност и социјална положба.

Борбата за повеќе права и еднакви можности треба да продолжи додека и најранливите меѓу нас не ги уживаат основните човекови права и не прифатиме дека ние живееме едни со други независно од нашите разлики.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...