Посета на баталјонот за воено – медицинска поддршка

28 јули 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска ги посети припадниците на баталјонот за воено – медицинска поддршка, во рамки на Воено – медицинскиот центар.

По прогласување на пандемијата на вирусот COVID-19, персоналот на центарот активно се вклучи во поддршка на вработените во јавните здравствени установи. На барање на министерството за здравство во март, тим на Воено – медицинскиот центар  ја постави маневарската болница пред платото на Инфективната клиника при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, со цел да се зголемат капацитетите во случај на наплив на пациенти со COVID19.

Имајќи го предвид зголемениот број на болни од вирусот, од средината на минатиот месец, воено медицински персонал од центарот е ангажиран во Центарот за јавно здравје и во ГОБ „8 Септември“. Командатката на центарот, полковник Ирена Минева го информираше претседателот Пендаровски дека тимот којшто е ангажиран за потребите на ГОБ „8ми Септември“ е составен од искусни медицински техничари кои работеле во поранешната Воена болница. Тие веднаш биле распоредени на одделот за интензивна нега и во шок соба, каде се сместени најтешко болните пациенти со  COVID19.

При посетата на воено – медицинскиот центар претседателот Пендаровски преку видео врска поразговара со постар водник прва класа Фатиме Мустафовска, којашто е дел тимот ангажиран во ГОБ „8 Септември“ и која до трансформацијата на Воената болница, работела на хируршките одделенија. Истакнувајќи дека работата со тешко болни пациенти е многу специфична, претседателот Пендаровски и порача на Мустафовска да биде истрајна.

„Ни останува да веруваме дека кризата со пандемијата на вирусот COVID 19 наскоро ќе заврши и дека здравствените работници, но и сите што се вклучени во справување со последиците од пандемијата ќе можат да здивнат и да бидат ослободени од стресот и од секојдневниот ризик“, потенцираше претседателот Пендаровски во разговорот со Мустафовска.

Инаку, за работата на центарот, неговата мисија и идните планови претседателот Пендаровски го информираше командантката на центарот, полковник Ирена Минева. Во својата презентација полковник Минева истакна дека во моментов се соочуваат со недостиг на доктори по општа медицина, коишто се одговорни за примарната здравствена заштита на здравјето на гарнизоните. Воено -медицинскиот центар, како што посочи потполковник Минева учествува во целосниот здравствен систем во земјата, има договор со Фондот за здравствено осигурување и преку системот „Мој термин“ пружа здравствени услуги на сите граѓани.

Како земја членка на НАТО, како што рече претседателот Пендаровски, неопходно е воено – медицинскиот центар да биде соодветно екипиран и како и досега да функционира беспрекорно.

Главната мисија на центарот е зачувување и унапредување на здравјето и одржување на борбената готовност на припадниците на македонската Армија на потребното ниво. Покрај основната мисија, единицата е одговорна за Копнената маневарска болница со Улога 2. Во 2014 година КМБ со Улога 2 беше оценета според НАТО концептот за оценување на оперативни способности и по сите критериуми ги доби највисоките оценки. Исто така, персоналот на воено – медицинскиот центар досега учествувал во повеќе мировни операции, односно „АЛТЕА“ во Сараево, Босна и Херцеговина, во мисиите „ИСАФ“ во Кабул и во Мајмана, Исламска Република Авганистан.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...