Средношколци и студенти од Универзитетот Американ Колеџ, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно.
Посетителите се интересираа и разговараа со претседателот Пендаровски, за неговата работа, надлежности, ги посетија просториите во коишто се одвиваат официјалните средби, салата за свечености, настани и прес-конференции. Учениците и студентите се сретнаа и со дел од вработените во Кабинетот и беа запознаени со историјатот на Вила Водно, со дел од активностите коишто се одвиваат, како и со начинот на функционирање на оваа институција.
Денешната посета на учениците и студентите е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, со кој се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот https://pretsedatel.mk/?page_id=3016 имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот.