Предавање на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Република Кипар за Република Северна Македонија

8 јули 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа разговор преку видео-врска со Константинос Елиадес, новоименуван амбасадор на Република Кипар за Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Поради пандемијата на КОВИД-19, амбасадорот Елиадес, како нерезидентен амбасадор, наместо на протоколарна церемонија, акредитивните писма ги предаде по писмен пат.

Честитајќи му за назначувањето на функцијата, претседателот Пендаровски му посака успех во работата на амбасадорот Елиадес, кој е прв кипарски амбасадор акредитиран во Република Северна Македонија, по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави во август 2019 година.

За време на разговорот, претседателот Пендаровски нагласи дека Република Северна Македонија е подготвена за развој на пријателски односи со Република Кипар, на политички, економски, трговски план, како и во други сфери од заемен интерес. Претседателот Пендаровски изрази очекување дека воспоставувањето на дипломатско претставување меѓу двете држави на ниво на амбасадори ќе биде силен поттик во таа насока.

Во контекст на стратешките аспирации на земјата, претседателот Пендаровски го истакна очекувањето за скорешно формално отпочнување на пристапните преговори на земјата за членство во Европската Унија, со одржување на првата меѓувладина конференција. Во таа насока, претседателот Пендаровски го истакна уверувањето за реафирмирање на поддршката од кипарска страна.

Во текот на разговорот беа разменети мислења во контекст на стратешките аспирации на Република Северна Македонија за членство во ЕУ, актуелната состојба со пандемијата на КОВИД-19 во двете држави, како и за справувањето со последиците на здравствен, еконономски и на социјален план.

Претседателот Пендаровски му посака успех на амбасадорот Елиадес во извршувањето на одговорната функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...