Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 11 октомври 2019 година, петок, ќе престојува во официјална посета на Република Австрија.
Претседателот Пендаровски, со највисоки државни и воени почести, ќе биде примен од Сојузниот претседател Александер Ван дер Белен, а ќе оствари билатерални средби со сојузната канцеларка, Бригит Биерлејн и со претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка.
За време на официјалната посета на Република Австрија, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Дипломатската академија во Виена на тема „Преспанската спогодба – Нетипично решавање на спор на Балканот“.
За време на официјалната посета на Република Австрија, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.