Претседателот Пендаровски во посета на општина Куманово

27 февруари 2020 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска престојува во посета на општина Куманово.

Претседателот го посети Општинското основно училиште „Толи Зордумис“, каде наставата се одржува на македонски и на албански јазик. Во него е имплементиран Нансен моделот за интеркултурно образование, којшто ги интегрира учениците, родителите и наставниците од различни етнички заедници преку современ воспитно – образовен процес.

За време на посетата на Куманово, претседателот Пендаровски се сретна со д-р Нурие Алији, која повеќе од 20 години се грижи за здравјето на жените во Куманово. Во моментов таа има 12 илјади пациентки. Авторка е на 23 научни трудови и е носител на Ноемвриската награда на град Куманово.

На средбата таа истакна дека е горда со своите постигнувања, а најголемо задоволство и е да помага на луѓето. И покрај обемната научна работа, нејзин приоритет се пациентите.

Претседателот Пендаровски посочи дека треба да се истакнуваат позитивните примери во општеството, како што е д-р Алији.

Претседателот Пендаровски го посети и метеорологот Борис Секирарски, кој повеќе од три децении работи во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во Скопје, а е носител на повеќе домашни и меѓународни признанија за своите иновации.

Следејќи ги климатските промени и последиците од нив, Секирарски го создал единствениот по функција македонски ИоТ (IoT Internet of things) уред наречен ЕЛИФ (Electronically Leed Internet Forecast), чија функција е предвидување на поплави и невреме. Секирарски, исто така, работи на поновиот систем ЕЛИФА за следење на промените на квалитетот на воздухот над поширок регион. Меѓу поновите негови успеси е системот кој ги обединува сите негови напори на полето на климатските промени, наречен  ЕлифЕРС (ELIF – Emergency Response System). Со него во регионот ќе можат да работат кризните штабови од различни нивоа и постојано да имаат проценки за различни закани од природата.

Секирарски на средбата истакна дека во денешно време е вистинска вештина да се пронајде точен и релевантен извор на податоци и треба да се одбере на кој извор ќе му верувате. Пред претседателот Пендаровски истакна дека целта му е неговите патенти да бидат од корист на граѓаните за навремено и точно следење на метеоролошките состојби.

Проектот „Лице в лице со Претседателот“ е инициран во изборната програма на претседателот Пендаровски. Целта е преку посети на населените места во Северна Македонија, претседателот Пендаровски да се сретне со што е можно повеќе граѓани, и одблиску да ги слушне проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и идеите за нивно надминување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...