Претседателот Пендаровски ги посети првачињата во ООУ „Панајот Гиновски“

3 септември 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, своето основно образование го започнал во 1971. година, во тогашното училиште „Доситеј Обрадовиќ“ , а денеска „Панајот Гиновски“. Токму во ова училиште, претседателот Пендаровски на околу 70 првачиња им посака успешен почеток на учебната година, советувајќи ги да читаат колку што е можно повеќе книги, бидејќи како што рече тој, знаењето секому му помага.

„Исто толку важно е да создадете што е можно поголем круг на другари и другарки, затоа што во животот човекот секогаш е поуспешен и посреќен ако има повеќе другарчиња и пријатели околу себе. Јас не се сомневам дека вие како и јас пред многу години, ќе стекнете пријатели за цел живот“, истакна претседателот Пендаровски. 

Улогата на родителите, како што рече Претседателот, е да ги мотивираат своите деца да се доусовршуваат. Но, подеднакво е важно, додаде тој, родителите да ги стимулираат своите деца да играат надвор со своите врсници и да не поминуваат премногу време пред компјутер или со телефон. 

Оддавајќи им почит на наставничките и наставниците за трудот и вниманието коишто ги посветуваат на децата, претседателот Пендаровски подвлече дека тие не треба да попуштаат кога е во прашање знаењето што треба да го добијат децата.

„Петките мора да бидат заслужени. Вие тоа знаете најдобро да го правите. Но сакам да ве замолам да не бидете многу строги. Петките треба да бидат заслужени, но дечињата треба да имаат слободно време и додека се во училиште за да не го чувствуваат училиштето и Вас како нешто наметнато или страшно“, истакна претседателот Пендаровски.

По кратката приредба за добредојде на првачињата, претседателот Пендаровски заедно со наставниците и со родителите разговараше со првачињата, кои му ги пренесоа своите впечатоци и доживувањето од првиот училишен ден. Претседателот ги советуваше да другаруваат и да се почитуваат во духот на мултиетничноста на училиштето „Панајот Гиновски“. Различноста, рече Претседателот е предност а  не хендикеп.

„Тоа нека не ве попречува да правите другарства и преку етничка линија. Само така можете да бидете исполнети и среќни. И кога ќе ви затреба некогаш во животот, макар добар збор, ќе го добиете од тој што е најблиску до вас, сосема не е важно дали е Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, Србин“, заклучи претседателот Пендаровски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...