Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Норвешка

15 јануари 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на Јерн Јелстад, новоименуван амбасадор на Кралството Норвешка за Република Северна Македонија, со седиште во Белград.

Претседателот Пендаровски на церемонијата на предавање на акредитивите истакна дека од воспоставувањето на дипломатските односи, двете држави во континуитет градат пријателски и партнерски односи и дека е постигнат успешен развој на билатералните односи во повеќе сфери на општественото живеење. Претседателот изрази очекување за интензивирање на политичкиот дијалог на сите нивоа, како и збогатување на соработката во сферата на економијата, инвестициите, екологијата, туризмот и други сфери од заемен интерес. „Наскоро, Северна Македонија и официјално ќе стане 30-тиот член на НАТО алијансата и сигурен сум дека во иднина тоа ќе претставува дополнителен мост на поврзување меѓу Република Северна Македонија и Кралството Норвешка како партнери и сојузници“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот изрази голема благодарност за конзистентната поддршка од пријателска Норвешка, која e силен промотор на евроатлантските интегративни процеси и истакна дека Република Северна Македонија останува посветена на остварувањето на своите стратешки приоритети. „Убедени сме дека европската и евроатлантската перспектива е гаранција за просперитет, стабилност и благостојбата на Балканот. Во овој контекст, високо го цениме интересот и присуството на Норвешка не само кај нас, туку и во целиот регион“, истакна претседателот Пендаровски во својот говор.

Амбасадорот Јелстад рече дека билатералните односи се одлични и продолжуваат да се развиваат на многу цврста основа на историското пријателство меѓу двете земји и нагласи дека е постигнат напредок во областа на економијата. Тој, посочувајќи го заедничкото распоредување во ИСАФ, како важен елемент за натамошно зајакнување на одличните билатерални односи, оцени дека реформите во одбраната се високо на заедничкатa агенда на двете земји. „Норвешка со нетрпение очекува да и посака добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО“, изјави новоименуваниот амбасадор на Кралството Норвешка.

Амбасадорот Јелстад нагласи дека во изминатите 19 години, Норвешка обезбеди повеќе од 125 милиони евра помош за Северна Македонија и дека ќе продолжи да ги поддржува напорите на земјава за евроатлантска интеграција преку заеднички програми во рамките на клучните општествени сектори.

Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор му посака многу успех и добро здравје во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...