Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Канада, Норман

11 март 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Џајлс Норман, новоименуван амбасадор на Канада во Република Северна Македонија, со седиште во Белград.

На свечената церемонија на предавање на акредитиви, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија и Канада традиционално ги поврзува пријателство и меѓусебно разбирање. Одбележувајќи 25 годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи со Канада, билатералните односи, како што рече претседателот Пендаровски, дополнително се зајакнаа со сојузништвото во НАТО.

„Билатералната и мултилатералната соработка и нашето партнерство се базираат на споделувањето на вредностите на демократијата, како и на визијата за градење на поправеден и поинклузивен свет. Канада отсекогаш за нас била земја на толеранција, на различности и почит кон сите луѓе, што нè чини уште поблиски како две држави, иако географски далечни“, рече претседателот Пендаровски.

Посакувајќи му на амбасадорот Норман успех во извршувањето на дипломатската должност, претседателот Пендаровски изрази уверување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се развива во нагорна линија во повеќе сфери од заеднички интерес, со фокус на унапредување на економските релации.

„Во оваа смисла, свој придонес дава и бројната дијаспора по потекло од нашата држава, која е дополнителен мост за јакнење на нашата меѓусебна комуникација и унапредена соработка во културата, образованието, науката и технологијата“, нагласи претседателот Пендаровски.

Амбасадорот Џајлс Норман истакна дека Северна Македонија и Канада имаат многубројни заеднички особини кои ги обединуваат двете земји, меѓу кои е и различноста.

„И Северна Македонија и Канада имаат богато етничко, религиозно и јазично наследство. Прифаќањето на различноста ги прави нашите земји посилни. Споделувајќи ги нашите искуства, Северна Македонија и Канада можат да учат една од друга за тоа како различноста може да придонесе за вклученост и заедништво“, рече амбасадорот Норман.

Амбасадорот Норман нагласи и дека на двете земји заедничка особина им е посветеноста на рамноправноста меѓу мажите и жените, како и желбата да се изгради посилна економија преку трговска размена и инвестиции.

„Од суштинско значење за нашата економска соработка е бизнис клима каде што се почитува владеењето на правото и каде што странските инвестиции се заштитени од произволни одлуки. Зголемување на економската соработка ќе биде важен дел од мојот мандат“, заклучи амбасадорот Норман.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на конференцијата  „Успешни жени за успешен регион“  што се одржа во Скопје во организација на регионалната непрофитна иницијатива Women on Boards Adria - WOBA (Жени во органи на управување Јадран). Во...

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри. На средбата беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со висок степен на...