Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуванaтa амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија

6 септември 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма од страна на Кристин Форсгрен Бенгтсон, новоименувана амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија.

Посакувајќи искрено добредојде и успешно извршување на оваа мошне одговорна функција, претседателот Пендаровски рече дека Република Северна Македонија и Кралството Шведска во континуитет градат пријателски и партнерски односи. Претседателот истакна дека меѓу двете земји се уште постои неискористен потенцијал и простор за дополнително продлабочување на соработката и меѓусебна комуникација, при што го нагласи интересот за интензивирање на соработката во сферата на економијата.

„Поддршката од Кралството Шведска за интеграција на државите од регионот на Западниот Балкан во Европската унија, а во тие рамки и на Република Северна Македонија, е од голема важност. Во тој контекст, се надевам дека напредокот на мојата држава, нотиран во Извештајот на Европската комисија, ќе биде вреднуван  и поддржан со позитивна одлука во октомври оваа година, Република Северна Македонија да ги започне преговорите за полноправно членство во Европската Унија“, изјави претседателот Пендаровски на церемонијата на предавање акредитиви.

Амбасадорката Кристин Форсгрен Бенгтсон, истакнувајќи ја честа што ја претставува Шведска како Амбасадор во нашата земја, рече дека во последните години се случија многу позитивни случувања во нашата земја, како што се реформите во јавната администрација и зајакнатите соседски односи.

„Договорот од Преспа е историско достигнување што покажува храброст и лидерство и може да послужи како инспиративен пример за регионот. Договорот не само што беше позитивно примен во ЕУ, туку исто така беше клучен за вашето идно пристапување во НАТО. И покрај тоа што Шведска не е членка на НАТО, се надеваме дека наскоро ќе ја видиме Северна Македонија интегрирана во евроатлантската заедница“, изјави шведската амбасадорка.

Шведската Влада, посочи амбасадорката Форсгрен Бенгтсон, постојано во континуитет го поддржува почетокот на преговорите со Северна Македонија за влез во ЕУ, со цел еден ден – кога ќе бидат исполнети сите услови – да стане членка. Амбасадорката го истакна владеењето на правото како клучно за интеграцијата во ЕУ, при што ја искажа поддршката за нашите напори за борба против корупцијата и зајакнување на правниот систем.

Претседателот Пендаровски на новоименуваната амбасадорка и посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...