Претседателот Пендаровски ги прими иноваторите на проектот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“

24 септември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими студентите од Машинскиот факултет – Скопје, коишто го создадоа проектот ГЕТ велосипед (Градски Еко Транспорт).

Со нивниот пронајдок „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“, неодамна учествуваа на меѓународната изложба „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја, каде што освоија Златен медал доделен од Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област, Златен медал со диплома од Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија и со Диплома за најдобар пронајдок доделен од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.

На средбата, студентите го запознаа претседателот Пендаровски со нивната идеја, преку реализацијата на овој проект на граѓаните да им се понуди нова услуга, која овозможува алтернативен начин за движење во градска средина, односно интелигентен градски транспортен систем на електрични велосипеди кои ќе може да се изнајмуваат и кои со вградените филтри ќе го прочистуваат воздухот од ПМ10 честици, притоа придонесувајќи и за намалување на градскиот метеж.

Претседателот Пендаровски истакна дека ваквите идеи и проекти ја имаат неговата целосна поддршка, притоа изразувајќи задоволство што овојпат иновативноста и креативноста биле насочени кон еден од најгорливите глобални предизвици, подобрувањето на животната средина. Претседателот, на средбата изрази увереност дека државата, но и компаниите и инвеститорите ги препознаваат ваквите добри проекти, и дека масовната употреба на ГЕТ велосипедот е многу реално очекување.

Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“, е развиен од студентите Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со нивниот ментор, професорот Иле Мирчески, а со помош на компанијата „Венито Комерц“ и Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија.

На средбата присуствуваа и деканот на Машинскиот факултет – Скопје, Дарко Данев, и штотуку дипломираниот студент Ташули Талески, кој на Меѓународната студенска олимпијада за проектирање на технологии за 2019 година го освои првото место.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...