Претседателот Пендаровски го прими директорот на Канцеларијата на Светска банка, Марко Мантованели

27 септември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија и Косово, во рамките на регионот на Европа и Централна Азија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните економски состојби во Северна Македонија и беше изразено задоволство од воспоставениот партнерски однос со Светска банка, којшто како што беше нагласено, во изминатите 26 години има значителен придонес во остварувањето на нашата реформска агенда во повеќе области.

Директорот на Канцеларијата на Светска банка, Мантованели, го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности на групацијата, како и за целите и проектите коишто произлегуваат од новата четиригодишна рамка за партнерство со Северна Македонија, со која треба да се овозможи поддршка за побрз, сеопфатен и одржлив раст.

Претседателот Пендаровски ја нагласи исклучително важната улога на Светска банка во нашиот севкупен економски развој, притоа истакна дека иако земјава бележи позитивен тренд, неопходен е натамошен максимален ангажман од сите домашни релевантни фактори во градењето и одржувањето на политичката стабилност и правната предвидливост, како клучни предуслови за просперитет на Северна Македонија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...