Претседателот Пендаровски: Да се сеќаваме на вистината за холокаустот, за никогаш да не се повтори

11 март 2021 | Соопштенија

Во рамки на одбележувањето на 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи, претседателот Стево Пендаровски попладнево се обрати на комеморативниот настан организиран од Италијанската амбасада во нашата земја, а во соработка со Еврејската заедница во Северна Македонија.

Подвлекувајќи дека на овој ден во 1943-тата година речиси целата еврејска заедница била насилно собрана и депортирана во Треблинка, претседателот Пендаровски потенцираше дека половина од убиените 7144 македонски Евреи биле деца.

„За време на Холокаустот, нацистите го развиле најефикасниот начин за да уништат цел еден народ. И речиси успеале во таа монструозна намера. Во текот на Втората светска војна биле убиени над шест милиони Евреи. Сите биле систематски деперсонализирани, дехуманизирани и уништени“, истакна претседателот Пендаровски.

Во рамки на настанот, претседателот Пендаровски разговараше со Ензо Мерло, режисер на документарниот филм  „70072: Девојчето што не знаеше да мрази“  и со главната протагонистка Лидија Максимович, една од неколкуте илјади преживеани од логорот на смртта, Аушвиц.

„Пораката на преживеаните е многу јасна. Тие не поттикнуваат омраза, бидејќи омразата го уништува најмногу оној што мрази. Тие не бараат ниту одмазда, бидејќи одмаздата ја продлабочува неправдата. Тие бараат да се сеќаваме на вистината за Холокаустот, за никогаш да не се повтори“, додаде претседателот Пендаровски.

На онлајн настанот се обратија и претседателката на Еврејската заедница во Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ, како и амбасадорот на Италија во нашата земја, Андреа Силвестри.

Во спомен на македонските Евреи кои на 11 март 1943 година беа депортирани во логорот Треблинка денеска во дворот на Кабинетот, претседателот Пендаровски симболично засади садник од даб, а беше поставена и спомен плоча со порака „Простуваме, но не забораваме“. Дрво беше засадено и во Ерусалимската парк шума на мирот, Амандав.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...