Претседателот Пендаровски до вработените во Брзата помош и во поликлиниките: Ви посакувам помалку интервенции, имате поддршка од сите да истраете

15 април 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски преку видео врска денеска разговараше со директорот на Здравствен Дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски, со раководителката на Итната медицинска помош, д-р Милица Бубало, како и со д-р Марија Милеска Аврамоска, којашто е дел од интервентна екипа на Брзата помош.

Во разговорот, претседателот Пендаровски беше запознаен со досегашната, како и со тековната работа на поликлиниките коишто се во состав на Здравствен Дом – Скопје, со бројот на повици во Брзата помош, како и со интензитетот и обемот на работа на докторите во овие здравствени установи.

„Сите ние во оваа вонредна состојба мора да работиме постојано и се жалиме поради тоа, но на Вам докторите работењето 24 часа во текот на 7 дена неделно Ви е востановена практика и едноставно мора така да функционирате. Во оваа насока, Ви благодарам што несебично се вложувате, особено во овие вонредни околности“, им порача претседателот Пендаровски на докторите во денешниот видео разговор.

Докторите, при разговорот го информираа претседателот Пендаровски дека поликлиниките на територијата на градот Скопје располагаат со доволно медициски и немедицински кадар којшто одговара на потребите на граѓаните. Истовремено, како што рекоа докторите, во моментов имаат се што им е потребно во однос на заштитна опрема и дека истата навремено се надополнува.  

Претседателот Пендаровски на денешните соговорници, но и на останатите вработени во Итната медицинска помош и во поликлиниките во градот, им оддаде почит и признание за нивниот досегашен ангажман. Како што рече претседателот Пендаровски, сите тие се на првата линија во борбата со пандемијата на вирусот КОВИД-19, први доаѓаат во контакт со болните и се изложени на висок ризик.

За време на разговорот претседателот Пендаровски на докторите од Итната медицинска помош им посака да имаат што помалку интервенции во периодот што следи, бидејќи, како што рече претседателот Пендаровски, тоа ќе значи дека полека стивнува пандемијата на вирусот КОВИД-19. Истовремено, претседателот Пендаровски на докторите им искажа голема поддршка да истраат во неделите коишто доаѓаат. 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...