Претседателот Пендаровски: Меѓусебната толеранција на граѓаните на Кичево треба да биде пример за сите нас

25 декември 2019 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, денеска ја посети општина Кичево.

Претседателот Пендаровски го посети Центарот за култура „Кочо Рацин“ и се запозна со книжевниот фонд на библиотеката. Покрај со вработените во центарот, претседателот Пендаровски се сретна и со волонтерка од Мировниот корпус од САД, која помага во работата на библиотеката.

За време на посетата на Центарот за култура, претседателот  Пендаровски оствари неформална средба со новинари од локалните медиуми и дописници од градот, кои го запознаа со предизвиците во нивната работа.

Во селото Вранештица, претседателот Пендаровски го посети грнчарот Стојан Стојанов, кој е меѓу преостанатите 10-15 грнчари во селото, кое некогаш имало над 800 жители и над 100 грнчари. Стојанов преку одржување на работилници настојува да го пренесе занаетот на помладата генерација. Во лето во Вранештица доаѓаат многу туристи кои издвојуваат време да ги видат и да им се восхитат на мајсторите, кои рачно ги формираат и во подземни печки ги печат предметите создадени од глина.

Претходно, претседателот Пендаровски во Кичево го посети основното училиште „Санде Штерјовски“, каде посети две паралелки што наставата ја следат на македонски, односно албански јазик. Во училиштето настава следат ученици Македонци, Албанци, Турци и Роми и е пример за меѓуетничка интеграција во образованието. Пред претседателот Пендаровски беше посочен проблемот со недостаток на учебници. Исто така, претседателот Пендаровски посети паралелка на деца со попреченост, кои учат училиштето. Во следењето на наставата на нив им помага и волонтерка од Мировниот корпус од САД.

„Мојот впечаток е исклучително позитивен од една единствена причина. Луѓето си ги имаат своите проблеми, меѓутоа она што позитивно ме изненади, а не го гледам за жал во доволна количина и во голем број случаи во нашата земја , е тоа што луѓето од различни националности и од различна вероисповест, одлично се согласуваат. И Кичево во тој дел мислам дека може да биде стварно пример или модел, како треба ние да коегзистираме, луѓето, граѓаните што се од различни нации и вери и притоа се да функционира како што треба, тоа да не биде минус, туку плус. Тоа да не биде пречка, туку да биде шанса за развој“, изјави претседателот Пендаровски.

Во училишната библиотека, претседателот Пендаровски се сретна со 18-годишниот Албин Алиу, иноватор кој има направено проект за изработка на хартија од алги, собрани во Охридското езеро. Тој го запозна претседателот Пендаровски со својот проект, со кој освоил трето место на натпревар во Њујорк – САД, во областа на биохемијата. Проектот е значаен за заштита на животната средина бидејќи помага во одржувањето на биодиверзитетот и помага во намалувањето на користењето на дрвата како суровина за производство на хартија. Алиу пред претседателот Пендаровски ја истакна неговата желба за развој и примена на проектот во Северна Македонија. Алиу, кој основното образование го завршил во училиштето „Санде Штерјоски“, сега е ученик во Јахја Кемал колеџот во Струга и е носител на повеќе награди на национални и регионални натпревари.

За време на посетата на Кичево, претседателот Пендаровски го посети основното училиште „Владимир Полежиноски“, каде беше посочен трендот со намалување на бројот на ученици во градот. За време на посетата, претседателот Пендаровски даде интервју за училишниот весник „Ѕуница“, што го подготвуваат учениците од новинарската секција.

Во општинската организација на Црвениот Крст во Кичево, претседателот Пендаровски се сретна со д-р Љуљзим Јахоја, добитник на националното признание за истакнат волонтер на годината, за 2019-та. Јахоја, кој по професија е невролог, веќе 15 години е волонтер во Црвениот крст. Од раководството, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности на општинската организација на Црвениот крст во градот.

Проектот „Лице в лице со Претседателот“ е со цел преку посети на населените места во Северна Македонија, претседателот Пендаровски да се сретне со што е можно повеќе граѓани, и одблиску да ги слушне проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и идеи за нивно надминување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...