Претседателот Пендаровски потпиша укази за прогласување на три закони за социјална реформа

27 мај 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ги потпиша указите на Законот за социјална заштита, на Законот за социјална сигурност за старите лица и на Законот за изменување и дополнување на законот за заштита на децата.

Имплементацијата на трите закони е од суштински интерес за граѓаните на Република Северна Македонија, особено за најранливите категории граѓани, а во функција на обезбедување на социјална правда и сигурност.

Со законот за социјална заштита се подобруваат социјалните услуги што се испорачуваат до крајните корисници и ефективноста и ефикасноста на паричните давања во насока на обезбедување на поголема еднаквост во општеството. Со Законот се унапредуваат правата и се овозможуваат подобри услови за лицата со попреченост.Додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува и изнесува до 50% од просечната нето плата. Со законот се врши усогласување на националното со европското законодавство.

Со Законот за социјална сигурност за старите лица се зголемува ефективноста на паричните давања за оваа категорија на граѓани и намалување на процентот на сиромаштијата кај старите лица над 65 годишна возраст.

Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, се зголемува пристапот до правото на детски додаток за деца од домаќинства и семејства со ниски примања и на приматели на гарантирана минимална помош. Се воведува право на додаток за образование, за деца од училишна возраст од семејства со ниски примања и за деца на корисници на гарантирана минимална помош. Мерките се во функција на намалување на детската сиромаштија. Детскиот додаток наместо како досега 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, додека образовниот додаток наместо 3.800 деца, ќе го користат 64.316 деца.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...