Претседателот Пендаровски прими претставници на здружението „Гласен Текстилец“

24 февруари 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими претставници на Здружението на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници „Гласен Текстилец“ од Штип.

Соговорниците го запознаа претседателот Пендаровски со проблемите и со предизвиците со коишто се соочуваат овие работници, како што се евидентирањето на работното време, трудовиот инспекторат, нехуманите услови за работа. На средбата ги споделија и идеите, проектите и реализираните активности во насока на унапредување на правата на работниците во текстилната, кожарската и чевларската индустрија.

Една од оснoвните заложби на Здружението, како што го информираа Претседателот на средбата, е работниците во овие индустриски дејности да добијат можност за поголема едукација, со цел подобрување на нивната информираност, но и зголемување на јавната свест за правата на работниците во овие области.

Претседателот Пендаровски истакна дека една од неговите главни цели е токму поттикнувањето политики коишто овозможуваат достоинствен живот за секој работник во Северна Македонија, бидејќи работничките права се темелни вредности врз кои се градат сите други граѓански права.

Изразувајќи поддршка за нивните активности, Претседателот ја поздрави и нивната заложба за промоција и запазување на највисоките стандарди на чесност и одговорност, политика на нула-толеранција во однос на случаи на измама и корупција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...