Претседателот Пендаровски се обрати на првиот академски час на Правниот Факултет „Јустинијан Први“

1 октомври 2020 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на првиот академски час за бруцошите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани студенти,
Почитуван Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,
Почитуван Декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“,
Почитувани професори,
Драги пријатели,

Денес имам посебно задоволството и чест, како поранешен универзитетски професор и поранешен студент на овој факултет да бидам меѓу вас на првиот час од академската 2020/2021 година, да ве поздравам и да ви посакам успешен почеток на вашите студии.

Универзитетот Кирил и Методиј како најстар и широко реномиран академски центар во нашата земја, со децении продуцира кадри кои со своето знаење и вештини се конкурентни на пазарот на трудот и кај нас и во странство. Од Правниот факултет на УКИМ на кој и самиот имав среќа да го оформам моето високо образование излегуваат идните правници, адвокати, судии, политолози, новинари и политичари кои имале и имаат своја улога во процесот на трансформација на Република Северна Македонија во модерна, демократска и просперитетна држава.  Годинава станавме членка на најважната глобална безбедносна организација, а наскоро и формално ќе навлеземе во големата трансформација за да станеме дел и од Европската Унија, така што сето знаење и експертиза кои тука ги добивате, заедно со вашиот младешки ентузијазам и енергија ни се апсолутно неопходни.

Почитувани студенти,

За жал, годинава пандемијата на Ковид-19 која од темел го измени нашето секојдневие диктираше и промени во  образовниот процес. И денешната свеченост е видоизменета согласно здравствените протоколи и прописи. Ја нема вообичаената атмосфера во студентскиот кампус, меѓутоа, животот мора да продолжи и сите ние мораме во од да се адаптираме. Користете го секој момент да стекнете нови знаења и вештини, да добиете информации и искуство. Споделувајте и комуницирајте, кога тоа не може да го правите со физичко присуство, користете ги новите технологии.

Како човек кој пред речиси 40 години поминал низ овие амфитеатри, можам да ви кажам дека пред вас се најубавите години од животот. Ќе учите, но и ќе се дружите меѓу себе. Секој од нас и ден денес ги памети најтешките предмети, најдобрите професори, но и сите згоди и незгоди од студентските години.

Почитувани професори,

Како дел од оваа професија, апсолутно сум свесен за вашата улога во образовниот процес. Го знам товарот врз секој од вас да се подготвите за час, да го пренесете знаењето на студентите, да им помогнете да го остварат својот потенцијал, да ги реализираат своите планови за животот. Но,не и помалку битно,  да им понудите вредности и морална вертикала која ќе биде стожер на нивниот личен и професионален интегритет. Да бидеш некому учител во животот е најблагородната, истовремено и најтешката задача. Но, јас сум длабоко убеден дека вие имате и капацитет и мотивација да им помогнете на овие млади луѓе да го реализираат својот сон.

Дозволете на самиот крај, на сите да ви посакам добро здравје, среќа и  успех, а на бруцошите, студии исполнети со интересни содржини и стекнување на нови знаења и вештини кои од нив ќе направат подобри луѓе.

Ви благодарам. 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...