Претседателот Пендаровски: Треба да бидеме упорни во нашата заложба да имаме почиста и поздрава животна средина

30 октомври 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, денеска прими ученици од осум средни училишта од разни градови во Северна Македонија.

Кампањата, која во организација на Институтот за комуникациски студии започна во март, се фокусира на постоечките ризици и последици од климатските промени во државата.

На средбата со учениците, претседателот Пендаровски ја истакна потребата секој од нас да посвети повеќе внимание во одржувањето на здравата животна средина, бидејќи правото на живеење во здрава животна средина е право на секој од нас. Претседателот истакна дека токму овој период од годината е круцијален за одржувањето на животната средина, бидејќи аерозагадувањето е многу повисоко и веќе ја надминува границата на дозволената јаглеродна емисија.

„Затоа очекувам здружени акции на релевантните институции, но и подадена рака од нашите граѓани кои освен што ќе преземат конкретни еколошки акции, ќе бидат и во улога на еколошка патрола или еколошки патроли и набљудувачи на загадувачите. Сите ние преку самокритичност и навремена и брза реакција треба да бидеме упорни во нашата заложба да имаме почиста и поздрава животна средина“, рече претседателот Пендаровски на средбата со учениците.

„Не игнорирај, реагирај!“ е платформа која обединува експерти од различни области, граѓански активисти, екологисти, креатори на јавно мислење, невладини организации и граѓански иницијативи, медиуми и поединци со цел да се изложат проблемите со кои се соочуваме како заедница; да се насочат прашањата кон соодветните институции; и да се провоцираат решенија за подобра животна средина и квалитет на живее.

Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ се фокусира на три клучни теми: одржливи градови, почиста околина и климатски промени.

Кампањата спроведува повеќе активности во соработка со факултети, средни училишта, граѓански иницијативи и еколошки организации.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...