Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во проштална средба ја прими амбасадорката на Република Србија, Душанка Дивјак – Томиќ.
Претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупниот дипломатски ангажман на амбасадорката Дивјак – Томиќ.
Двајцата соговорници се согласија соработката меѓу двете соседни држави да продолжи да се развива и да се унапредува во сите сфери од заемен интерес.