Проштална средба со словенечкиот амбасадор Јазбец

23 јули 2020 | Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Словенија и беше констатирано дека двете држави негуваат исти, европски вредности, со традиционално пријателство и силно стратешко партнерство. Во тој контекст претседателот Пендаровски и амбасадорот Јазбец го реафирмираа интересот за натамошно интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес, особено во економската сфера кадешто постои голем потенцијал.

Нагласувајќи ја континуираната словенечка поддршка на билатерално, регионално и мултилатерално ниво, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени помошта на Словенија во спроведувањето на реформските процеси, во насока на нашата европска интеграција, којашто ќе се одрази позитивно на стабилноста и просперитетот на целиот регион.

Двајцата соговорници разменија мислења и информации и за активностите поврзани со пандемијата на COVID-19, нагласувајќи ја потребата од зголемена соработка и солидарност помеѓу државите како одговор на здравствените и социо-економските предизвици наметнати од овој глобален проблем.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за севкупниот дипломатски ангажман на амбасадорот Јазбец посакувајќи му натамошен успех на личен и на професионален план.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на конференцијата  „Успешни жени за успешен регион“  што се одржа во Скопје во организација на регионалната непрофитна иницијатива Women on Boards Adria - WOBA (Жени во органи на управување Јадран). Во...

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри. На средбата беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со висок степен на...