Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска по втор пат покровител на настанот „Едно семејство“ на СОС Детско село

18 декември 2020 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, продолжувајќи ја минатогодишната традиција и годинава беше покровител на настанот „Едно семејство“ во организација на СОС Детско село.

Посочувајќи дека со овој настан, во пресрет на Меѓународниот ден на човековата солидарност – 20 Декември, им се оддава признание на сите пријатели, донатори и поддржувачи на СОС Детско село, Ѓеоргиевска истакна дека истиот претставува и можност да се афирмира значењето на солидарноста, пред сѐ преку примерот со активностите на СОС Детско село, но и воопшто да се говори за значењето на солидарноста во нашето општество.

„Морам да го истакнам значењето на корпоративниот сектор, како и на бројните индивидуалци кои на дело ја покажуваат својата хуманост и солидарност. Токму благодарение на солидарноста и на конкретната помош од страна на компании и на поединци, СОС Детско село успешно ја врши својата основна функција ‒ грижа за децата во ризик и нивна поддршка, преку семеен модел за алтернативна грижа за деца, како и преку реализирање програми за социјална превенција“, рече Ѓоргиевска во своето обраќање пред присутните на овој хибриден настан.

Говорејќи за промените коишто се случија во целокупното општествено живеење поради пандемијата од Ковид-19, сопругата на претседателот Ѓоргиевска подвлече дека ваквата ситуација ги става на испит солидарноста, одговорноста, хуманоста и алтруизмот на секој поединец.

„Да ја оставиме себичноста зад себе и ако не можеме на друг начин, барем да помогнеме со топол збор, со насмевка, со користење на нашето слободно време за волонтерски ангажмани од корист на заедницата. Да ги отвориме нашите срца и да отстапиме простор за алтруизмот и несебично и безрезервно да помагаме и да бидеме великодушни. Да покажеме на дело дека без разлика на полот, возраста, социјалниот статус, верската, етничката или политичката определба, сите ние сме едно семејство и секој член на нашето семејство е подеднакво важен“, додаде Ѓеоргиевска.

Во оваа насока Ѓоргиевска ги истакна натчовечките напори коишто ги вложуваат здравствените работници за да ги спасат здравјето и животите на своите пациенти.

„Да ја покажеме солидарноста кон нив, така што ќе се придржуваме до мерките за зачувување на јавното здравје. Со оглед на фактот што во некои земји веќе се започна со имунизација на населението, а вакцината наскоро ќе дојде и кај нас, да издржиме докрај и да покажеме одговорност, дисциплина, грижа и солидарност“, порача сопругата на претседателот, Елизабета Ѓеоргиевска.

На денешниот настан „Едно семејство“, на СОС Детско село беа доделени награди и признанија на корпоративните и индивидуалните донатори коишто го поддржаа СОС Детско село во 2020 година. Исто така беше поставена и изложба на уметнички дела на младиот уметник Мартин Буровски, којшто пораснал под закрила на СОС Детско село. Изложбата којашто свечено беше отворена од австрискиот амбасадор во нашата земја, Георг Вуцас, ќе биде достапна за граѓаните до 25 декември.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на конференцијата  „Успешни жени за успешен регион“  што се одржа во Скопје во организација на регионалната непрофитна иницијатива Women on Boards Adria - WOBA (Жени во органи на управување Јадран). Во...

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри. На средбата беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со висок степен на...