Сопругата на претседателот покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

17 октомври 2020 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на отворањето на третото издание на фестивалот „Ден на граѓанските организации“  организиран од програмата на Швајцарската амбасада за поддршка на граѓанското општество, Цивика мобилитас, а е спроведуван од НИРАС од Данска и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

На отворањето на фестивалот чијшто покровител е сопругата на претседателот, во своето обраќање пред присутните во градскиот парк, г-а Ѓоргиевска истакна дека граѓанските организации имаат значајна улога за нашето општество бидејќи благодарение на нив се покриваат проблематики коишто би се комплетирале заедно со институциите за да може ефективно и целисходно да се решат одредени проблеми.

На фестивалот учествуваат околу 80 здруженија од кои дваесетина имаат креативни работилници и дебати за посетителите, како има и активности од видот на хуманитарни акции, едукација и заштита на животната средина, арт терапија за деца со попреченост, прва помош и тестирање за ХИВ, уметнички работилници и други активности.

Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето на г – а  Елизабета Ѓоргиевска:

Почитувана Ваша екселенцијо,

Почитувана министерке Царовска,

Драги пријатели и

Драги гости,

На почетокот би сакала да го изразам своето големо задоволство што ја имам честа денес да бидам покровител на фестивалот на Цивика мобилитас „Ден на граѓанските организации“. Станува збор за еден навистина несекојдневен, необичен и оригинален настан кој обединува голем број на граѓански организации од различни области на дејствување и на таков начин претставува извонредна можност јавноста да се запознае со дејствувањето на многу од нив. Еве, јас сега иако сум дел од тие граѓански организации, се запознав со многу коишто досега ги немав видено, така што претставува исклучително добра можност да се информираме за нешто што досега не сме биле во тек. Не можам, а да не се заблагодарам на сите кои стојат позади програмата Цивика мобилитас, односно пред сè на Швајцарската агенција за развој и соработка која претставува финансиер и организациите коишто се одговорни за нејзиното имплементирање, МЦМС и секако, партнерите од Данска и Шведска.

Со оглед дека голем дел од моите активности во последната година ипол откако мојот сопруг е претседател на Република Северна Македонија, се поврзани со граѓанскиот сектор и граѓанските иницијативи посебно во областа на здравството, областа на едукацијата и особено кај лицата со попречености, ќе си дозволам да посведочам и уште еднаш да потенцирам колку е важна улогата на овие организации во едно општество. Сметам дека, благодарение на нив се покриваат проблематики коишто би се комплетирале заедно со институциите за да може ефективно и целисходно да се решат одредени проблеми. Особено се важни во областа на едукацијата на граѓаните, поттикнување на  нивната проактивност, промоција на  волонтерството за коешто сметам дека е исклучително важно да се промовира во македонското општество и се залага уште од првите денови тоа сè повеќе и повеќе да се работи давајќи личен пример какао волонтер на Црвениот крст, волонтирајќи во Институтот за јавно здравје и во други организации.

Драги пријатели,

Речиси целава оваа година сме обременети со заканата од КОВИД 19. Тој го измени светот и го моделираше нашето секојдневие, нè оддалечува од нашите блиски и нè прави поранливи и покревки. Како доктор сум дел од професија којашто за жал, го поднесе најголемиот товар на пандемијата. Дел од моите колеги секојдневно се на првите удари на пандемијата и, морам да го спомнам, пред некој ден нашиот колега што загина и којшто беше дел од Ковид единиците во Инфективната клиника и на Клиниката за пулмологија. Сите сме сведоци на згаснување на животи, на губење на нашите блиски. Морам да потенцирам колку е важно учеството на граѓанските организации во справувањето со последиците од пандемијата преку нивните активности и проекти. Во тој контекст ја поздравувам одлуката дел од грантовите на Цивика мобилитас да бидат наменети за активности на граѓанските организации за справување со последиците од Ковид-19.  Верувам дека ниту пандемијата на Ковид 19, ниту било што друго не смее да не поколеба и понатаму да останеме активни граѓани, да учествуваме во граѓанските иницијативи, да бидеме членови на невладините организации и да волонтираме.  Нашето слободно време е секако нешто што можеме да го даруваме и да го исполниме со активности кои ќе бидат од полза за општеството. Верувам дека со нашиот проактивен став можеме да придонесеме пред сè на локално ниво, но и на ниво на општеството. Уште еднаш ве охрабрувам да се вклучите во активностите, во проектите, сами да иницирате содржини и да предлагате програми. И како што во една прилика неодамна реков, има уште многу што да се стори, меѓутоа само заедно можеме да направиме промени коишто ќе ги подобрат нашите животи, но и ќе го подигнат квалитетот на животот во целото општество.

На крајот, ви посакувам успешен фестивал, а на сите ви посакувам да поминете квалитетно време разгледувајќи ги подготвените презентации, настани и штандови.

Ви благодарам

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...