Средба на претседателот Пендаровски и сопругата со претставници на здружението „САНО“, добитници на наградата „13 Ноември“

20 ноември 2020 | Aктивности, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Вила Водно, примија претставници и волонтери од здружението „САНО“, добитници на наградата „13 Ноември“, од областа на хуманитарната активност.

Претставниците на здружението ги запознаа претседателот Пендаровски и неговата сопруга со активностите кои ги преземаат за поддршка и подобрување на квалитетот на лекување и животот на заболените деца и на нивните семејства.

Претседателот Пендаровски и сопругата упатија искрени честитики за добиената награда, посочувајќи дека „САНО“ претставува пример за хуманитарна работа и граѓанско здружување.

„Вашите лични примери треба да бидат инспирација за сите нас заеднички да градиме подобро и поинклузивно општество“, посочи претседателот Пендаровски, додавајќи дека нема доволно голема награда што може да ја изрази вистинската вредност на секој чин на хуманост.

„Наградата 13 Ноември, освен што е сосема заслужена, е голема потврда за вашата досегашна пожртвуваност и довербата којашто сте ја стекнале. На децата кои се лекуваат особено им е важна поддршката што ја добиваат од вас“, истакна на средбата, сопругата на претседателот Ѓоргиевска.

Здружението „САНО“ работи со семејствата на децата со малигни заболувања со цел да им овозможи логистичка и психолошка поддршка при лекувањето на децата. „САНО“ има мрежа на родители и волонтери кои им помагаат на семејствата да се снајдат низ здравствениот систем, споделуваат искуства на луѓе кои веќе поминале низ медицинските третмани, даваат психолошка поддршка онаму каде што е потребно.

Минатата година „САНО“ ја отвори Родителската куќа, во којашто престојуваат родителите чии деца се лекуваат на Клиниката за детски болести.

„Големината и тежината на наградата „13 Ноември“ е што е препознаен трудот на деца, на млади луѓе коишто ја победиле болеста, коишто се соочиле и го победиле и стравот да зборуваат за тоа, и се вратиле да им помагаат на деца со ранлива здравствена состојба во каква што биле и тие самите пред неколку години“, истакна претседателката на „САНО“, Марија Тасев.

Младите волонтери од САНО, од претседателот Пендаровски и неговата сопруга Ѓоргиевска добија целосна поддршка за нивната хумана работа и им порачаа да не се откажуваат. Истовремено, претседателот Пендаровски потенцираше дека, освен поединци и приватни компании коишто донираат во рамки на своите можности, за здруженијата како што е „САНО“ потребно е да се обезбеди и поддршка од државата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...