Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, Љатиф Пајкоски, почесениот претседател Исмаил Бојда и Амир Абдула, член на СМИР.
На средбата, претседателот Пендаровски беше информиран за положбата и состојбата на Македонците со исламска религија, како и за досегашните и претстојните активности на Сојузот.
Претставниците на Сојузот го запознаа претседателот со предизвиците со кои се соочуваат во зачувувањето на своите специфични културолошки особености, и го посочија проблемот на нивна недоволна застапеност во институциите.
Претседателот Пендаровски изрази поддршка за напорите на Сојузот во застапување на нивните права и интереси, презентација и афирмација на специфичните традиции, обичаи и фолклор на Македонците со исламска религија.