Средба на претседателот Пендаровски со претставници од ромската заедница

8 април 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Љатифа Шиковска, пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија, Неждет Мустафа, претседател на Обединетата партија за еднаквост на Ромите – ОПЕР, Зоран Димов и Шенај Османов, претставници на Мрежата за застапување за трајни и системски решенија за интеграција на Ромите, кои побараа да се сретнат со претседателот Пендаровски за да го запознаат со состојбите  поврзани со ромската заедница.

На средбата се разговараше за актуелните предизвици за интеграција на ромската заедница во општествените текови, како и за приоритетните активности за подобрување на севкупната состојба на Ромите во земјава.

Соговорниците го запознаа претседателот Пендаровски со тековните процеси во државата поврзани со евидентирање на лицата без документација,  подобрување на домувањето во ромските населби, зголемување на можностите за вработување, како и со застапувањето за трајни системски решенија во насока на побрзо вклучување и интеграција на Ромите во државата.

Честитајќи го Меѓународниот ден на Ромите, претседателот Пендаровски истакна дека ромската заедница која е нераскинлив дел од нашето мултикултурно општество заедно со сите други народи во земјава придонесува во градењето и зачувувањето на заедничката татковина. Во насока на подобрување на интеграцијата на Ромите во нашето општество, претседателот Пендаровски ја изрази својата поддршка за заеднички ангажман на сите чинители во државата водејќи се од принципот на недискриминацијата, еднаквост и владеење на правото.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...